Las Gatas de Rochi♥
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Las Gatas de Rochi♥

Las Gatas de rochi ♥
 
HomePortalLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Љубовта е тешка (Дел 1)

Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2
АвторПорака
emma-chan
Администратор
Администратор
emma-chan


Број на мислења : 288
Reputation : 0
Join date : 2011-01-16
Age : 28
Местолокација : Битола, Македонија

Љубовта е тешка (Дел 1) - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1)   Љубовта е тешка (Дел 1) - Page 2 Icon_minitimeНед Јан 16, 2011 1:12 pm

Глава 26 – Не ти верувам ...
Бев многу изнервирам и одев премногу брзо. Џан идеше по мене. Тој никогаш не ме напушти. Некој ме фати за рака. Мислев дека е Џан, но не, тоа беше Џени.
„Можам да ти објаснам!“ рече
„Навистина?“ прашав „Како?“
„Јас сум виновна, но не и сестрати. Јас и го дадов тоа ливче и и` реков да дојди... “
Не ја оставив да ја доврши реченицата
„А таа дотрча, нели?“ прашав
„Таа ми веруваше и никогаш не помисли дека јас ќе ја натерам да направи такво нешто!“ рече Џени 
„Јас на сестра ми ќе и ги направам сите тестови .. “ реков
„НЕ!“ извика Џени „ Зар ќе го уништиш животот на тоа невино девојче?“
„Само едно големо прашање е дали е невина!“ реков јас
„Верувај и` барем малце. Никол се најде во погрешно време, на погрешно место.“ рече Џени
Решив да ја ислушам.
„И ја дадов адресата и` и реков да дојди денес во 13:00. Таа дојде, но ти веќе беше дојден и не знаам како ти се најде таму“ рече низ солзи Џени
„Да разговараме на некое помирно место“ реков ладнокрво јас
Кога се свртив да видам дали Џан иди по мене, видов како бавно зад мене се движи Никол. Си помислив колку беше мала ... 
„Да одиме реков“ и јас и Џени заминавме, а ја оставив Никол сама, а Џан се изгуби некаде во просторот каде што зраците на сонцето ретко доаѓаат. Навистина некои работи се многу тешки, но сепак таков е животот и доколку нема проблеми, животот не би бил интересен. Седнавме со Џени во паркот.
„Зборувај“ реков јас многу сериозно
„Епа вака“ рече Џени „Јас за ова место знам една недела ...“
Кога го рече тоа, како мракот да ме обвил, една недела го криела тоа до мене ...
„Ми го кажаја местото на интернет ... Јас отидов и таму ми се понудија да ме услужат. Ми кажаа дека можам и таму да работам, и мене ми требаше работа па прифатив и морав да викнам некоја девојка. Ми текна на сестрати. Човекот ја напиша адресата со многу чуден ракопис и ми го даде ливчето. Кога сестра ти си идеше од училиште и` го дадов ливчето. Една недела е тоа ливче во неа, но таа требаше денес да дојди. И` реков дека е многу важно и дека мора да дојди. Не знам како тоа ливче стигна до твоите раце, но те молам верувај ми дека твојата сестра е невина!“ запре Џени
„Неможам да ти верувам“ реков „Ме лажеше“
„Да те лажев, но еве сега се отворив и ти кажав се!“ рече Џени
„Како да сум сигурен дека тоа е вистината?“ прашав 
Џени не рече ништо
„Никол нема на никој да ви го прости тоа!“рече Џени
„Но .. “ реков јас „Никол рече дека е свесна дека греши, тоа ми го рече на тоа место“
„Не знам за тоа, можеби се уплашила .. “ исплашено и полека рече Џени
„Јас сепак ќе им кажам на моите“ реков
На Џени и потече една солза. Не знаев што да правам. Да верувам дека Никол се нашла таму во грешно место и грешно време или пак дека ништо не било случајно. Секако на Џени и реков дека ќе им кажам на моите, но тоа не значи дека можам да се премислам.
Вратете се на почетокот Go down
emma-chan
Администратор
Администратор
emma-chan


Број на мислења : 288
Reputation : 0
Join date : 2011-01-16
Age : 28
Местолокација : Битола, Македонија

Љубовта е тешка (Дел 1) - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1)   Љубовта е тешка (Дел 1) - Page 2 Icon_minitimeНед Јан 16, 2011 1:12 pm

Глава 27 – Да кажам или не?
Тргнав кон дома. Џени ја оставив да седи сама на клупата. Низ нејзините прекрасни образи се лееја мали, прекрасни солзи ... Ми беше тешко да ја гледам тажна, но заслужи ... Полека одев кон дома. Го пропуштив ручетокот. Кога стигнав дома веднаш отидов во мојата соба. Срцето ми се параше. Чарли влезе во мојата соба.
„Можи да влезам?“ ме праша
јас не реков ништо. Неможев да речам нешто, бев збунет ...Чарли без моја дозвола влезе до мојата соба и седна до мене на креветот.
„Што те мачи, мали?“ ме праша
Секогаш кога имав проблем така ме прашуваше , „што те мачи мали?“ хух па јас веќе не сум мал, голем сум, но имам проблеми ... Многу проблеми ...
„Џени ... “ можев само да речам и по лицето почнаа да ми течат солзи.
„Што се случило со Џени?“ Чарли беше љубопитен
„Таа ... не знам ... “ реков
„Сватив“ рече Чарли „Сакаш да бидеш сам“
Јас климнав со главата во знак на „да“
Јас не знаев што да правам. Да му кажам на Чарли, мама и тато се` што знам, за ливчето, за местото, Џени и Никол? Многу се двоумев бидејќи можеби е како што кажа Џени, а можеби повторно ме излажа. Веќе во главата ми беше се измешано. Не знаев во што да верувам, но тогаш се сетив на зборовите на Никол
„Не е будала оној што не знае ништо, будала е оној кој верува во се`“
Тогаш мислев дека Никол не би направила такво нешто. Никол е паметна, таа е филозоф, не би отишла на такво место свесно, најверојатно не знаела за што се работи и кога Џени ја викна таа отиде, но јас се најдов таму и таа беше во неволја. Но, не! Никол ми рече,
„Згрешив бато, знам“
Кога и да помислев дека е невина, тогаш ми текнуваше дека ми рече дека згрешила. Тие зборови секогаш ме предомислуваа. Дали Никол скршна од патот по кој татко и мајка ја тераа да оди. Дали видела нешто убаво во грешниот пат, па се сретнала со волкот и заминала со него? Која е вистината за мојата Никол? Која е вистината за мојата помалечка сестричка? А која е вистината за Џени? Дали Џени повторно ме лажи? Дали Џени ми ја кажа вистината? Веќе ништо не знаев. Се ми беше измешано во главата ...
Полека почнав да слегувам по скалите од мојата куќа. Одев полека и збунето. Чарли повторно ме забележа и дојде до мене
„Бато, ако нешто те мачи слободно кажи ми“ ми рече „Секогаш сум бил, сум и ќе бидам покрај тебе!“
Чарли ме охрабри.
„Дојди горе бато“ реков јас
Седнавме на мојот кревет и јас почнав да зборувам.
„Сабајлево најдов едно ливче и таму беше напишана една адреса. Отидов кај Џан и тој ме однесе таму и долниот спрат беше казино, а горе, а горе беше да си најдиш некоја девојка ... “
Чарли ме гледаше. Јас бев уплашен
„ И се качивме таму со Џан и ја видов Џени .... Ја видов мојата Џени таму. Почнав да викам и кога се свртив зад мене беше Никол ...“
Не ме остави да завршам
„Никол ли?“
„Да Никол, ми рече дека знае дека згрешила, но јас заминав. Џени идеше по мене и ми рече дека една недела работи на тоа место и дека тоа ливче во Никол е една недела, но и рекла денес да дојди и дека Никол не е крива за ништо. Но ова не е прв пат Џени да ме лажи па не знам дали да и верувам ...“
„Јас мислам дека е најдобро да разговараш со Никол“ ми рече Чарли „Јас мислам дека Никол не би те излажала, а и Никол е добра и паметна девојка, не би отишла таму знаејќи за што се работи. Најверојатно она што Џени ти го кажа е вистина“
„А можеби и не!“ реков јас „Никол ме научи нешто, ми рече, не е будала оној кој не знае, будала е оној кој верува во се`“
Чарли ме гледаше во очи
„Јас ќе прашам таму, колку време двете се таму“
Чарли се согласи и отидовме таму. Прашавме.
„Џени?“ праша човекот „Да имаме таква. Една е со кавеава коса“
„Да“ реков јас
„Две недели господине“ рече човекот
И јас и Чарли останавме со отворена уста.
„А Никол?“ праша Чарли „Има ли таква?“
„Требаше да има“ рече човекот „ Џени требаше да ја донеси, но Никол не дојде“
Тогаш ми олесна. Можеби Џени е замешана во сето ова, лесно ќе направам и ќе и раскинам, но затоа знам дека Никол е невина, но сепак ќе разговарам со неа.
Вратете се на почетокот Go down
emma-chan
Администратор
Администратор
emma-chan


Број на мислења : 288
Reputation : 0
Join date : 2011-01-16
Age : 28
Местолокација : Битола, Македонија

Љубовта е тешка (Дел 1) - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1)   Љубовта е тешка (Дел 1) - Page 2 Icon_minitimeНед Јан 16, 2011 1:12 pm

Глава 28 – Вистината за Никол
Си дојдовме дома јас и Чарли. Сега се чувствував подобро. Никол седеше и гледаше телевизија.
„Никол“ викна Чарли „Дојди малце горе во мојата соба!“
Јас се качував по скалите и влегов во собата на Чарли. Никол дојде и седна на работната столица.
„Денеска и самата виде ја фатив Џени на дело“ реков јас „но таму те најдов и тебе ...тоа беше многу повеќе болно отколку што Џени ја видов таму.“
Никол ме гледаше во очи.
„Знам,“ рече Никол „ме виде“
„А знаеш ли зошто разговараме за ова?“ прашав повторно јас, а Чарли седеше на креветот и гледаше.
„Претпоставувам, но не знам,“ рече Никол „Сепак не читам мисли“
„Да“ реков јас „Во право си.“
„Може ли да ми кажиш?“ Никол беше љубопитна
„Секако“ реков јас „Сакам да ми раскажиш како се најде ти таму и олку време знаеш за тоа место.“
„Во ред“ рече Никол „За тоа место знам две недели.“
Кога го слушнав тоа се запрашав зошто Џени ми рече една недела? Повторно Џени ме лажеше ...
„Џени ми рече дека тогаш и` е роденден и дека сеушт ти нема кажано за тоа и ми го даде тоа ливче и ми рече да одам таму денес и да и помогнам околу подготовките и дека таа вечер ќе те донесе таму.“ рече Никол „Утрото јас никаде не можев да го најдам ливчето, но ја паметев адресата и заминав на даденото место. Кога стигнав таму прашав за Џени и тие ми рекоја да се качам на вториот спрат. Тогаш те видов тебе и се уплашив. Не знаев дали Џени ти кажала за роденденот ...“
„А Зошто рече – Знам бато, згрешив?“ прашав јас
„Па не ти кажав за забавата, после додека одев назад Џан ми кажа се`. Мислам се што ти си помислил кога ме виде таму ... извини ...“ рече нежно Никол
Срцето повторно почна нормално да ми чука и јас се насмевнав.
Вратете се на почетокот Go down
emma-chan
Администратор
Администратор
emma-chan


Број на мислења : 288
Reputation : 0
Join date : 2011-01-16
Age : 28
Местолокација : Битола, Македонија

Љубовта е тешка (Дел 1) - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1)   Љубовта е тешка (Дел 1) - Page 2 Icon_minitimeНед Јан 16, 2011 1:12 pm

Глава 29 – Ќе ми недостигаш
Јас ја гелдав Никол. Таа беше прекрасна. Таа никогаш не направила нешто лошо. Срцето ми кажуваше дека Никол е невина.
„Во ред е сестричке,“ реков јас „Простено ти е, но велиш дека две недели знаеш за тоа место?“
„Да бате“ рече Никол „Но таа ми рече за денес ...“
„Доволно“ реков јас „Морам да одам, да разговарам со Џени“
„Зар не разговаравте вчера?“ праша Никол
„Разговаравме, но ме излажа ...“ реков јас „Таа ми рече дека знае за тоа само една недела ..“
„Жал ми е ...“ рече Никол
Јас тргнав кон вратата. Почнав да слегувам по скалите. Се упатив кон вратата и ја отворив. Надвор дуваше силен ветер.
„Каде одиш ти?“ ме праша мајка ми
„Кај Џени“ реков јас со тивок глас, мајка ми се сети дека нешто не е во ред со мене.
„Не си во ред“ рече мама „Ајде да јадиш, блед си“
„Морам да одам мамо!“ извикав јас
Мајка ми ме погледна зачудено, јас викнав силно на мојата родена мајка.
„Извини ..“ реков и заминав низ вратата.
Стигнав до местот каде што ја оставив Џени – во паркот на нашата клупа, под нашето дрво ...
Седнав до неа.
„Ме излажа“ реков јас гледајќи кон хоризонтот.
„Извини“ рече Џени
„Вака не можи повеќе“ реков јас „Жал ми е“
Џени ме погледна. Солзи дојдоа во нејзините очи.
„Ти си прекрасна девојка Џени, но со лаги и неверување врската неможи да преживее“ реков јас „Да паузираме, па после да се надеваме дека се ќе биде во ред ...“
„Во право си“ рече Џени „ Но јас те сакам Зик!“
„Ме излажа“ повторно реков јас „ Две недели си била таму? Што работеше?“
„Делев карти во казиното, и една недела ... “ недорече Џени
„Сватив“ реков јас
„Што свати?“ рече Џени
„Дека од самиот почеток не беше се најдобро ...“ реков јас и ја кренав главата кон небото
Небото нежно светка,
а нејзиното око трепка
Тоа беа двата први стиха од нашата песна.
Џени ја продолжи песната со следните два стиха.
Еден ден се ќе помини,
ќе помини и ќе замини.
Кога слушнав дека Џени сеуште ја памети нашата песна ја погледнав. И таа гледаше кон небото.
Сино небото зрачи,
и љубов значи.
Повторно рече Џени.
Јас не сакав да е готово, но сепак станав од клупата, Џени ме виде и јас реков
„Жал ми е Џени ... Готово е ...“
На Џени една солза и потече по нејзиното лице и јас заминав кон дома.
Вратете се на почетокот Go down
emma-chan
Администратор
Администратор
emma-chan


Број на мислења : 288
Reputation : 0
Join date : 2011-01-16
Age : 28
Местолокација : Битола, Македонија

Љубовта е тешка (Дел 1) - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1)   Љубовта е тешка (Дел 1) - Page 2 Icon_minitimeНед Јан 16, 2011 1:13 pm

Глава 30 – Ми треба мир
Стигнав дома. Не сакав да вечерам и заминав да спијам. Бев збунет, и неможев да заспијам. Гледав во таванот. Се присетив на се`! Сакав малце да се одморам, но јас сеуште ја сакав Џени... Она што завршив со неа беше многу болно за мене. Постојано мислев и се нервирав колку е суров животот. Татко ми, ах татко ми! Тој секогаш ми го велеше тоа. Како вчера да беше кога бев дете и кога секогаш кажував некои филозовски мисли и кога тато ќе ми речеше „Сине, убаво би било сите да размислуваат како тебе, но не е така, животот е суров сине!“
Кога ќе се сетев на тие зборови срцето ми се кинеше тага ме облеваше ... Размислував и се нервирав, не знаев што да правам. Сакав да заминам од се`! Сакав да заминам од сите проблеми, но не беше се толку едноставно, тука беше мајка ми, татко ми, брат ми, тука беше и Никол! Тоа девојче кое најмногу ме научи што е болка, тоа девојче најмногу ме научи на зборовите кои ме учеше татко ми! Дали тоа девојче го знаеше татко ми па да се имаа договорено за вака да ми одржуваат лекции? Не! Не ми се верува, јас сум уништен! Џени ме лажи, ја јажи и Никол, ја лажи мојата Никол! Тоа ме боли! Никој не смее да ја вознемирува мојата Никол! Таа е девојче кое е ретко се наоѓа, таа е необична, таа е мала и невина ... Нејзиниот мирис ме потсеќа на роза скината од градината, која плачи без звук, се прекрива со својата насмевка. Сакав да останам тука, но не! Јас и` требам неа, на девојката која ме научи што е болка, девојката која ме научи на правилата на животот, девојката која ме научи дека се не е толку добро, дека не постои добро и лошо, дека се` релативно и дека не постои човек кој е постојано среќен и дека не постои човек кој е постојано тажен, и дека се` е моментално ...
Долго размислував. Да ја оставам Никол? Не! Нема! На крајот решив ....
Утрото рано станав и ги пуштив утринските вести. За следната недела најавуваа снег и тоа мене многу ме израдува. Дојде татко ми во собата.
„Добро утро Зик“ ме поздрави
„Добро утро татко“ јас одвратив „Како сте?“
„Јас сум добро“ рече татко ми „Изгледаш уморно“ забележа
„Не спиев добро“ реков „Имам да ти кажам нешто ... “
„Слободно кажи, сине.“ рече татко ми
Тогаш веќе Тоби го чувствував како свој татко, како мојот роден татко, кога ќе ме наречеше сине не можев да го одбијам и да не му кажам се како што беше. Почнав и му кажувам се по ред ....
„И вечера завршив со Џени ... Тоа не беше прв пат да ме лажи!“
„Добро постапи“ рече татко ми „Се гордеам со тебе, сине!“
Срцето силно почна да ми чука.
„Најавуваат снег за следната недела,а мене ми треба мир“ реков „Сакам да одам Канада, малце да поскијам и да се релаксирам.“
„Оди“рече татко ми
„Нека дојдат и Никол и Чарли“ реков јас
„Рече дека ти треба одмор“ веднаш рече татко ми „Оди сам, одмори се.“
Неговите зборови беа неверојатни, толку многу ме охрабруваа што неможев да неодам ....
Вратете се на почетокот Go down
emma-chan
Администратор
Администратор
emma-chan


Број на мислења : 288
Reputation : 0
Join date : 2011-01-16
Age : 28
Местолокација : Битола, Македонија

Љубовта е тешка (Дел 1) - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1)   Љубовта е тешка (Дел 1) - Page 2 Icon_minitimeНед Јан 16, 2011 1:14 pm

Глава 31 - Писмото
Отидов таму. Навистина убаво се забавував и многу добро се релаксирав. Поминав три незаборавни дена таму. Видов многу девојки. Сите беа убави, но моето срце беше поделено меѓу две дружи срца. Како што кажав се беше преубаво се додека еден ден се не престана. Четвртиот ден во Канада ми стигна писмо. Мислев дека е од моите, но не! Не беше така. Писмото беше од Рајна. Рајна беше поранешната девојка на брат ми. Беше постара од него и Тоби не сакаше да бидат заедно. Писмото не беше потпишано од кој епа морав да го прочитам цело.
„Драг Зик,
Како си? Се сеќаваш на мене? Јас сум Рајна ... “
Кога го прочитав нејзиното име веќе многу се заинтересирав и продолжив да читам.
„И јас сум во Канада на скијање. Вечера те видов и веднаш те познав. Многу си личите со Чарли како што имам кажано многу пати. Кога раскинав со Чарли господинот Тоби ми забрани пристап. Два дена сум тука и секој ден те гледам. Кога се осигурав дека си сам решив да ти пишам. Многу ќе ми биди мило ако сакаш да се видиме некој ден.
За ова можиш да му кажиш само на Чарли, не сакам господнинот Тоби да дознае зошто после ќе имам проблеми. Ако не успеиме повторно да исконтактираме поздрави го Чарли од мене!

П.С. Ако сакаш и ако си сеуште тука дојди кај четиринаесет часот да се видиме во барот кај твојот хотел.“
Навистина многу си ја сакав Рајна! (Секако ја сакав за снаа!)
Ова писмо навистина добро ми дојде и решив другиот ден да одам и да ја видам. Секако прво му се јавив на Чарли.
Зборувавме.
„Навистина?“ - ме праша Чарли
„Да“ реков „ Ми рече да те поздравам“
„И ќе одиш?“
„Да“
„Поздрави ја и ти“ рече „Кажи и` дека ја бакнувам и дека ... “
„И дека? “ бев љубопитен иако знаев што ќе речи
„И речи и дека сеуште ја сакам ...“
„Правиш грешка што ја оставаш заради Тоби“ реков јас
„Зик те молам“ рече Чарли и ми спушти.
Следниот ден отидов. Ја видов Рајна. Беше убава како и секогаш. Ми се причини дека е баш како да се подмладила, а не како да е остарена. Отидов и се поздравивме. Разговаравме.
„Ме позравува?“ - праша
„Да, да“ реков „Те поздравува, и ми рече уште нешто“
„Што?“ праша
„Рече дека сеуште те сака“ реков јас
„Навистина ? “ праша со трепет во гласот „Сеуште ме сака?“
„Да“ реков јас „Суште“
Една солза по убавото лице на Рајна потече.
„И јас го сакам “ рече „Но да го оставиме тоа, ти имаш некоја девојка?“
„Имав“ реков „Но готово е. Постојано ме лажеше“
„И ти си пораснал“ рече „Велиш те лажеше? А ти ја сакаше?“
„Не знам“ реков „Сакав уште една ама кога ќе ја видев едната таа ја сакав кога ќе ја видев другата неа ја сакав и така ... “
„Значи ти не си сакал никој“ рече таа „Срцето можи да сака само една“
Разговорот со Рајна многу ми годеше. Кога си ојдов дома разговарав со Чарли и легнав во доста добар сон, во кој сонував една прекрасна девојка со синкасто-зеленкасти очи ...
Вратете се на почетокот Go down
emma-chan
Администратор
Администратор
emma-chan


Број на мислења : 288
Reputation : 0
Join date : 2011-01-16
Age : 28
Местолокација : Битола, Македонија

Љубовта е тешка (Дел 1) - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1)   Љубовта е тешка (Дел 1) - Page 2 Icon_minitimeНед Јан 16, 2011 1:15 pm

Глава 32 – Девојката
Утрото се разбудив но веќе бев заборавил на девојката. Решив да идам и да се прошетам малце долу и потоа да одам и да појадувам. Секако, така и направив. Полека слегов долу се прошетав и седнав во ресторанот да се одморам и да појадувам. Тогаш наеднаш се сетив на сонот. Секако не од онака седење туку ... сонот се исполни! Јас навистина ја видов девојката која ја сонував и дури беше ... беше поубава од во мојот сон. Не знаев што да направам туку како некој манјак гледав во неа. Таа седна на масата на другата страта, не беше многу блиску, но сепак многу добро ја гледав! Почна да зборува на телефон. Тогаш се запрашав дали има момче? Секако помислив дека има зошто можно ли е толку убава девојка да биди сама?! Едно време се сврти за да го викни келнерот, но стана и нејзините зелени очи гледаа во мене а моие кафени во неа. Таа дојде до мене и ме запраша:
„Слободно е?“
Јас не можев низбор да изустам но на крајот успеав да речам:
„Да, да слободно е ...“
Тогаш дојде келнерот и двата нарачавме
„Од каде доаѓаш?“ ме праша
„Јас ...?“ на момент заборавив од каде доаѓам
„Да да ти!“ беше брза девојката
„Америка ... А ти?“
„Јас сум израснала на Хаваите“ одврати таа „Но секогаш сум го сакала снегот па зимно време доаѓам тука.“
„Убаво ... “ одвратив јас
„Леле колку сум глупава!“ рече таа
„Зошто ма?“ се интересирав јас
„Веќе почнавме да зборуваме а не знаам како се викаш ни ти не знаеш како јас се викам!“ рече таа
Навистина, таа беше во право! Требаше прво да се запознаеме ...
„Јас ...“ почнав јас „Јас се викам Зик ...“
„Јас сум Адриана“ рече таа „А секогаш ли така зборуваш? Мислам со трепкање?“
„не!“ реков јас „Скеако дека не!“
„А тогаш што е проблемот?“ повторно праша таа
„Па, рано кога ќе станам ваков сум ...“ реков
„Сватив“ рече Адри „Да не имаш еден брат ... Чарли?“
Како таа знаеше за Чарли се прашував!
„Да , да имам!“ реков јас
„Поздрави го многу од мене и кажи дека има огромен поздрав од мене!“ рече таа
„Од каде го знаеш ти?“ прашав јас
„Се запознавме летово.“
„Каде?“ бев љубопитен
„На Хаваите. Нели беше?“
„Да, беше..“
„Многу е сладок ...“
Навистина девојката која сега пак ја допаѓам таа го свиѓа Чарли, не е фер!
„Да, навистина е“ реков јас
„Многу си личите!“ рече таа „Двата се многу убави“
„Благодарам“
Адри стана.
„Морам јас сега да одам и не заборавај да го поздравиш Чарли и да ја бакниш Никол од мене!“
„Секако“ реков јас
Адриана веќе ја знае и Никол, а јас не знам ништо од тоа?
Вратете се на почетокот Go down
emma-chan
Администратор
Администратор
emma-chan


Број на мислења : 288
Reputation : 0
Join date : 2011-01-16
Age : 28
Местолокација : Битола, Македонија

Љубовта е тешка (Дел 1) - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1)   Љубовта е тешка (Дел 1) - Page 2 Icon_minitimeНед Јан 16, 2011 1:15 pm

Глава 33 – Подоцна
Деновите кои бев таму мислев само на Адри. Секако по телефон го поздравив Чарли од Рајна. Чарли премногу се израдува на тој поздрав, секако! Навистина, конечно дојде времето кога ќе си одам дома. Адриана ми го даде нејзиниот телефонски број. Можев да ја барам кога ќе посакам. Тоа мене премногу ме радуваше иако не ја беше побарав ниту еднаш! Кога стигнав во мојот роден крај бев премногу радосен. Јас кога се вратив дома бев свеж. Си реков мама ќе ме пречека пред врата, но ме пречека Никол. Ме прегрна. Имаше солзи во очите. Никој друг немаше во куќата.
„Што е?“ ја прашав „Што се случило?“
„Мама ... “ одговори таа ...
Тогаш сватив што е ... Таа два пати губи мајка, а јас го губам и вториот родител.
Бев преплашен! Не сакав тоа да се случи! Ја зедов Никол и отидовме во болницата. Таму седеја Чарли и господинот Тоби. Двата беа толку сериозни, иако во очите е гледаше тагата која ја имаат. Тие беа мажи кои не ги кажуваа чувствата пред другите, иако јас бев по мек, иако јас не бев како нив, јас сакав да идам тоа што сум и успеав во тоа. Почнав да плачам заедно со Никол. Никол плачеше и не успеваше да изусти ни збор. Таа чувствувавше дека е крај. Мајка ми беше и нејзина мајка, а таа и втор пат ја губеше!
„Како е?“ го праша Чарли
„Лошо..“ рече тој
Настана тишина само тажниот глас на Никол се слушаше. Ја прегрнав.
„Се ќе биди во ред ... “ реков
„Не е се како што изгледа!“ рече Никол
Не знаев што сака да кажи, навистина не знаев. Што ли вистина има сега?
„Како тоа Ники?“ ја прашав
„Ја ранија ..“ рече
„Како тоа?“ прашав зачудено
„Фатив лошо друштво и требаше да ме убијат мене, ама ја ранија неа, зошто таа сакаше да го дади животот за мене!“ Никол го рече ова и почна да плачи
Овој пат и јас почнав и уште посилно од неа. Чарли не прегрна и двата. Дојди и г-дин Тоби
„Не грижи се ќерко“ рече тој „Вашата мајка ќе биди во ред – ветувам “
Навистина сакав неговите зборови да се вистина ...
Подоцна, по неколку часа Тоби ни рече да си одиме дома. Ја зедов Никол за рака, Чарли ги зеде клучевите од колата и тргнавме. Никол сега бше посмирена. Гледаше низ прозорецот збунето ...
И јас бев загрижен. Ова беше тешко сега да заминам од болницата, но сигурно г-дин Тоби е во право. Морав да го послушам иако сакав да знам како е мајка ми!
Вратете се на почетокот Go down
emma-chan
Администратор
Администратор
emma-chan


Број на мислења : 288
Reputation : 0
Join date : 2011-01-16
Age : 28
Местолокација : Битола, Македонија

Љубовта е тешка (Дел 1) - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1)   Љубовта е тешка (Дел 1) - Page 2 Icon_minitimeНед Јан 16, 2011 1:15 pm

Глава 34 – Минатото (дел 1)
Да ... Се случи и тоа ... Навистина се случи ... Така наеднаш ... Мајка ми ги затвори очите ... Ги затвори очите ... ЗА СЕКОГАШ! Јас не ... Јас не можев да изустам ни збор, бев тажен. Никол се чувствуваше виновна за смртта на мама, но Чарли не ја напушти и остана покрај неа и ја тешеше.
„Се ќе биди во ред“ слушнав „Ти не си виновна, ти не ја уби ...“
„Јас ... мене требаше ... “ велеше Никол
Тогаш во болницата дојдоа г-дин Филип, Џени и Лука.
„Жал ми е“ рече г-динот Филип
„Го имате моето сочувство“ рече Џени
„И моето“ рече Лука
Никол истрча и го прегрна Лука. Истото го рече и Лука како Чарли, и рече да не се грижи дека таа не е виновна за ништо ... Дали со тоа Никол зеде огромна храброст?! За жал јас мислам дека зеде. Сега работите не се одвиваат баш најдобро. Ова е мојот живот, но Никол сега не е во ред.
Следниот ден беше погребот. И Тоби плачеше. Кутриот тој два пати изгуби жена, Никол два пати изгуби мајка, а јас и Чарли ги изгубиме и двата родители ... Јас мислев дека е крајот. Но секако дека не беше крајот. Џени се приближи до мене. Ме фати за рака.
„Не грижи се ...“ рече со нежен глас и ме прегрна
И јас ја прегрнав неа. Почувствував топлина. На момент се присетив на се` со мојата мајка. Кога Џени ме прегрна јас се почувствував како да сум во прегратката на мојата мајка. Се сетив кога бев мал и кога ми ја купи мојата прва кола- играчка секако. Се сетив кога ми разкажуваше за свадбата со тато ... Се сетив на татко ми ... Се сетив колку плачеше за него, но и покрај се таа продолжи да живее, иако на крајот не требало да живее многу долго. Решив и јас да продолжам да живеам. Јас сепак ја сакав Џени ... Таа не ме остави. После овој ден јас и Џени бевме повторно заедно. Но споменот за мајка ми никогаш не го извадив од мене зошто таа и татко ми беа се што сум имала иако со Тоби останавме во супер односи и тој ме прифати за негов син и мене и мојот брат Чарли.
Вратете се на почетокот Go down
emma-chan
Администратор
Администратор
emma-chan


Број на мислења : 288
Reputation : 0
Join date : 2011-01-16
Age : 28
Местолокација : Битола, Македонија

Љубовта е тешка (Дел 1) - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1)   Љубовта е тешка (Дел 1) - Page 2 Icon_minitimeНед Јан 16, 2011 1:15 pm

Глава 35 – Минатото (дел 2)
Бидејќи сега е се во минатото, сакам да ви кажам што се случи меѓу мојата сегашност и моментот на смртта на мојата мајка. Јас и Џени сме повторно заедно. По три месеци од смртта на мајка ми се венчавме, но неможевме да имаме деца па си посвоиме ќеркичка. Се вика Маи и има коси очиња и таа значи живот за мене. Чарли запозна една плавуша Стела. Прекрасна и добра девојка. И тие се венчани и имаат ќеркичка Дона. Сега г-дин Тоби има две прекрасни внуки и премногу внимание одделува на нив. Сега со г-дин Филип се гледаме се почесто и почесто. И тој доаѓа да ја види својата внука. Никол и Лука се заедно иако Никол помалце скршнува од патот. Никол чувствувам дека е завлечена во лоши друштва и дека не е истата. Никогаш повеќе од смртта на мама не ми се доверила за што и да било. Премногу се затвори во себе ... Мојата мајка и за неа беше мајка бидејки нејзината мајка никогаш не ја запознала и ова била првата мајка во нејзиниот живот. Тоби ... хахаха! Колку беше само сериозен. Сега е како некој тинејџер и се смее и шегува со своите внуки (иако Маи не се смее многу). Навистина Тоби и не беше истиот од порано не беше сериозен ... Сега има девојка која се вика Кари, но таа е секогаш пре зафатена за да биди со него или пак со нас. Како вчера да беше (иако беше пред 16 години) се сеќавам на свадбата со Џени. И од тој ден официјално Никол и Лука стапија во врска, подоцна се свршија, но никогаш не се венчаа (се надевам дека тоа ќе се случи во иднина).
На мајка ми ќе се сеќавам по тоа дека беше упорна жена, на татко ми дека беше храбар, на г-дин Тоби дека секогаш имаше нешто што би можел да ми забрани, на Чарли дека секогаш се сешувал со мене (а и Стела доста се шегува со мене), Никол ќе ја паметам по многуте добри совети кои сум ги добил од неа.
Тука завршува моето детство. Од тогаш наеднаш пораснав и станав маж и совесен и афторитетен родител на мојата ќерка и добар сопруг на мојата жена.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Љубовта е тешка (Дел 1) - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1)   Љубовта е тешка (Дел 1) - Page 2 Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Љубовта е тешка (Дел 1)
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 2Отиди на страна : Previous  1, 2
 Similar topics
-
» Љубовта е тешка (Дел 2)
» Љубовта е тешка (Дел 2)
» Љубовта е тешка (Дел 1)

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Las Gatas de Rochi♥ :: Новели :: Новели-
Отиди до: