Las Gatas de Rochi♥ Las Gatas de rochi ♥ |
|
| Љубовта е тешка (Дел 1) | |
| | |
Автор | Порака |
---|
emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:04 pm | |
| Глава 1 – Како се почна сега веќе сум возрасен маж. со голема болка се сеќавам на деновите кога бев млад. велат дека тие се најубавите години, и навистина така е. низ многу лоши работи поминав за тоа време, но сепак сакам да го вратам бидејќи ми недостигаат најблиските. кога имав само 13 години почина мојот татко. јас и брат ми чарли оставме сираци. мајка ми се премажи за друг човек. тој имаше ќерка. девојчето беше 2 години помало од мене. таа никогаш не ја видело мајка си, умрела на најзиниот пораѓај. секој ден бев се поблизок со сестра ми, но кога наполнав 15 години сватив дека не ја сакам како сестра. и` го кажав тоа, ме погледна и ми рече дека татко и` ќе се налути ако го слушни ова. бев убеден дека тоа е најисправно. кога вечеравме направив една голема глупост .... вечерата почна. татко ми, кој тогаш го викав чисто господин тоби седна на маса. јас станав и му се обратив: „господине тоби, ве молам дали можи нешто да ве прашам и исто така да ви кажам?“ се обидував да бидам култирен иако тоа не ми одеше баш најдобро. „секако момче, кажи“ ми рече срцето ми затрепери, девојчето се наведна. чарли забележа, ме виде. гледав во сите. татко ме гледаше, чекаше, тогаш јас прозборив ... „господине, јас ја сакам вашата ќерка, и сакам ...“ не ме остави да ја довршам реченицата. „знам што сакаш, но мојата ќерка е твоја сестра, а се надевам дека добро знаеш дека не е дозволено брат и сестра да се сакаат на поинаков начин освен основниот. “ подзастана, сакав да кажам уште нешто, но пак ме пресече. „мојата ќерка не ти се сестра по крв, но сепак последните две години пораснавте заедно.“ тогаш ја наведнав главата. тоби, кој тогаш многу го мразев го виде девојчето. ја праша: „го сакаш ли и ти момчето?“ таа молчеше, стана и полека рече: „неможам да го сакам, тој ми е брат ... “ почна да плачи. станав и заминав од вечерата. мајка ми стана. „зик врати се!“ викна. „остави малвина, ќе му помини“ рече тоби. малвина седна. девојчето стоеше ладнокрвно на своето место ... поминаа две години мака. дојде и третата. полнев 18 години и ми беше роденден. пред да влезам во роденденската сала седев со брат ми чарли. по не знам кој пат му признав дека ја сакам. тогаш тој ми рече. „љубовта е слепа. знаеш дека јас имав постара девојка од мене и тоби рече не. љубовта не гледа години, убавина ... љубота сака да се бориш, само да се бориш. тогаш треба да се бориш за никол ...“ кога го изговори името на мојата сакана, тој се сепна. изгледа се сети дека најверојатно никол ми е сестра. тогаш почна да ми се врти една мисла „ да се борам за никол! тоа јас го можам“ за тоа време додека јас така размислував чарли заминал од собата. дојде моментот кога требаше да влезам во роденденската сала. кога влегов сите почнаа да аплаудираат, но никол и чарли останаа зачудени. од мојата лева страна за рака ме држеше џени, мојата девојка. кога ги дувнав свеќите забележав дека никол не е тука, го побарав чарли, но и тој не беше тука. навратив до кујната и таму ги најдов ... чарли ја имаше прегрнато никол, а таа како маче беше стуткана во неговата прегратка. таа плачеше, а тој ја тешеше. ми текна дека таа е љубоморна, но потоа го слушнав најстрашното. „ќе го убедам господинот тоби јас и ти да бидеме заедно мило“ рече чарли. тогаш ми се сепнаа нозете, ми протече една солза, ја избришав ... се вратв на забаватам, морав да глумам. набрзо се вратија и тие ... | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:04 pm | |
| Глава 2 – Советот Целиот роденден ми беше пекол. Кога сите танцуваа јас седев и се сетив на мојот одамна починат татко. Тој често ми велеше дека кога ќе биде мојот 18 роденден ќе биде незабореван, дека тогаш станувам вистински маж и дека ќе почнам поинаку да гледам на работите. И навистина беше така, тој не згреши. Мојот 18ти роденден сеуште го паметам како да беше вчера, но сепак не по добри работи, туку по лоши. Прво советот на брат ми и неговото каење за тој совет, а потоа како ги видов во кујната никол и чарли прегрнати ... Зошто ли толку лошо ме казна животот? Брат ми да знае дека ја сакам таа девојка, а сепак да биде со неа? Тој знаеше дека ја сакам од самиот почеток ... Џени мојата нова девојка забележа дека седам настрана (додека никој друг не забележа), ми се приближи, ме прегрна ... „Што ти е Зик?“ ме праша. Се сврив, ги видов нејзините сјајни очи. Посакав да е Никол, но сепак беше Џени. „Ме боли главата“ одговорив. Таа се насмевна. Не сватив зошто се смее. „Гласна е музиката, и мене ме боли главата, но не многу, што велиш да одиме во кујната и да земиме некој пијалак?“ Кога ги изговори овие зборови, нозете ми се заковаа за земјата. Кујната, ах тоа лошо место ... Не можам да ја одбијам Џени, но сепак како да бидам сигурен дека Чарли и Никол не се таму, повторно ги нема ... Каде ли се? Можеби зборуваат со Тоби, Чарли ќе ми ја земи Никол... Видов кон кујната, станав. Џени се насмевна „Ќе ти помини главата од еден сок од морков, сакал нели?“ Тогаш и јас се насмевнав, „Секако.“ Двата тргнавме кон кујната. Во кујната ја видов прво мајка ми, беше одлечена во прекрасен бел фустан, како кралица. Зборуваше нешто. Џени подзастана. „Зошто стоиме? Ајде да влезиме.“ Влеговме. Мајка ми разговараше со Никол. Знаев за што зборуваат. Џени беше многу љубезна со мојата мајка, но кон Никол се однесуваше многу грубо, можеби Чарли знаел дека јас сум таму па и` го рекол тоа на Никол, можеби Никол ме сака мене па сега му кажува на мајка ми ... Почнаа да ми се вртат секакви мисли дека Никол и Чарли не се заедно. Тогаш Чарли влезе. Ме виде. Џени ми го подаде сокот и јас почнав да пијам. Чарли ја погледна мајка ми и двата заедно излегоа. Во собата останав со Никол и Џени, полека го пиев сокот. Џени ме гледаше со нежен поглед, додека Никол правеше сок од јаболка. Јас и Џени излеговме од кујната и ја оставивме Никол сама во собата. Џени отиде да поразговара со своите пријатели и јас останав сам. Ме интересираше што разговараа мајка ми и брат ми. Се обидов да слушнам од вратата на работната соба, но не успеав да слушнам ништо. Двата зборуваа доста тивко. Навратив во кујната да ја видам Никол. Таа седеше на столот и во нејзините раце ја држеше чашата со јаболковиот сок. Главата и беше надолу па не ме виде. Седев и ја гледав околу 5 минути, но потоа таа ја крена главата и ме виде. „Здраво,“ ми рече. „Што си толку уплашен?“ Кога го рече што сум уплашен, побледев, повеќе се уплашив ... Ех да знае таа дека сеуште ја сакам, дека само таа постои за мене ... „Блед си“ повторно проговори. „Забавата“ успеав само да изговорам Тогаш влезе Чарли во кујната. Силно ме удри по грбот (секогаш тоа го правеше) „Не треба да сте на забавата вие двајца?“ праша „Мене нешто не ми е добро. Ме боли стомакот и главата“ одговорив „Зар на својот осумнаеесетти роденден си се разболил? Оди кај мама да види дали имаш температура“ ми рече Чарли Јас „заминав“ , т.е. Се скрив крај врата и слушав ... „Велиш дека добро напредуваме?“ праша Чарли Потоа слушнав само смеење ... | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:04 pm | |
| Глава 3 – Шегата Смеењето ме замисли ... Зошто ли се смееја? „Велиш дека добро напредуваме?“ Што им значеше тоа? Во што ли напредуваат? Можеби го убедите Тоби ... Таа помисла ме плаши ... Не, не верувам ... Чарли не би отишол со Никола, па и таа да е последна на светот. Можеби тие не се заедно и ме лажат? Помислив и на тоа. Мислев долго време. Зошто ли се смееја? Зошто? Тогаш решив да се концентрирам на нивниот разговор. „Мислиш дека падна на ова?“ праша Чарли За кој ли зборуваа, се прашав. „Можеби, но мислам дека да“ одговори Никол Чарли пак почна да се смее. „Мисли дека сум толку покварен? Не ми се верува .“ низ смеење рече Чарли. „Секој би поверувал. Тој како што не знае да гледа пред себе ... “ подзастана Никол. „Мислиш ли?“ праша Чарли За кој ли зборуваа? Не кажуваа име ... Чарли стана. Се упати кон местото на кое јас се криев ... Се уплашив, мене ли ме бара? Се уплашив, прегледив ... Како што слушав Чарли беше во близина . Ја наведнав главата. Одењето престана. Кога ја кренав главата го видов Чарли пред мене. Ме гледаше со некој остар поглед. Јас станав. „Извинете што ве прислушкував“ реков Чарли направи една фаца и се сврти. Таман сакав да заминам ме фати за рамото... „Што слушна?“ ме праша. „Ништо“ реков „Лажиш прислушкувало, нели те болеше стомакот?“ почна да ме прашува чарли „не замина нели?“ „Ме болеше, но бев љубопитен и ....“ не ме остави да докажам „И остана?“ рече Чарли. „Да ... “реков со застрашен глас „И? Што разбра од нашиот разговор?“ праша Чарли повторно. Никогаш го немав виденот толку сериозен, тој беше обично весел и детинест ... „Некој лажите ...“ реков уплашено „Кој?“ праша Чарли „И јас тоа се прашувам“ му реков Чарли остро се насмевна. „Подобро за тебе да ја кажуваш вистината“ подзастана, ја погледна Никол и се сврти кон мене. „Се ќе ти раскажам мали, но вети ми дека никому нема да кажиш.“ „Ветувам бате!“ извикав „Добро. Сега врати се на забавата или оди кај мама ако воопшто те боли стомакот, но знај дека не ти верувам, после кога ќе заврши забавата ќе дојдам кај тебе в соба и се ќе ти кажам.“ рече Чарли Пред да речам „добро ќе те чекам“ бев замислен. Што ли ќе ми кажи? Јас и Никол лажевме дека сме заедно? Успеавме да го убедиме Тоби за да бидеме заедно? Го убедив Тоби ти и Никол да бидете заедно? Што ли? Набргу пак се вратив на забавата. Мама дотрча и ме праша „Сеуште ли те боли стомакот?“ Ја погледнав. „Не мамо. Не ме болеше многу, само се прејадов и така ми беше тешко“ одговорив „Ах дете, кога брат ти ми кажа ме преплаши.“ рече мама Зошто ли Чарли му кажа на мама? Што ли тој и Никол планираат? Ќе ми ја кажат ли вистината? Се прашував ... | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:05 pm | |
| Глава 4 – Ќе ме мразиш ли? Забавата заврши. Ги испратив пријатели и со трчање отидов во собата. Таму Чарли веќе беше – седеше на мојот кревет. „Седни“ ми рече Седнав. Го гледав во очи „По ова што ќе ти го кажам знам дека ќе ме мразиш .. нема да ме поднасуваш“ рече. Доволно беше знаев за што зборува, но се правев дека ништо не знам. „Зошто би те мразел батко?“ прашав „Има причини, но сепак, за тоа се поголемите браќа, нели?“ праша „Да ги мразиме ли?“ прашав зачудено „На моменти. Сега си веќе голем, поинаку ќе гледаш на работите како што тато велеше ...“ рече. Тогаш се сетив на мојот татко. Навистина Чарли беше доста добар да збуни човек. „Што врска има татко, зошто го мешаш татко во сево ова?“ почнав нервозно да прашувам Тоа што Чарли го интересираше, дозна. Дозна дека мислам дека тој и Никол се заедно. „Па не смееме да го пуштиме татко во заборав Зик“ ми рече Како можеше да биде толку ладнокрвен по некогаш се прашував. За се наоѓаше соодветен одговор. Неможев да се сетам за што би можел да зворува. Ме гледаше со нежен поглед. На очите скоро му дојдоја солзи. Не можев веќе да седам, премногу заокружуваше. Зошто ли толку кружеше? Што сакаше да праша? Се прашував ... „Ме сакаш ли Зик?“ повторно ме праша „Секако бато“ му одговорив „Ти и мама ми сте се што имам!“ реков Чарли ме погледна малце зачудено „Можиш ли да ме мразиш Зик?“ повторно ме праша Тогаш јас малце се замислив ... Дали можам да го мразам? Дали можам а го мразам родениот брат? Не знам дали можам, мислев ... Но тука е и Никол. Ако тој е со Никол ќе чувствувам омраза кон него ... Што да правам? Што да одговорам, се прашував ... „Можиш ли да ме мразиш Зик?“ Чарли повторно ме праша. Јас пак го погледнав. „Не знам, бато. Ти си ми брат ....“ одговорив „Замисли дека те повредувам многу лошо? Дали ќе ме мразиш?“ ме праша „Не ...“ реков „Ни ако ја убијам мама?“ тој повторно праша „Не си толку способен“ одговорив Чарли почна да се смее „Во право си. Не сум толку способен, но да речиме да го направам тоа дали ќе ме мразиш?“ Зошто ја меша сега мама во сето тоа? Се изнервирав и оштро, реков „ДА“ Чарли виде дека не сум детето кое сум бил. Навистина сум се сменил. „А ако бидам со твојата Никол?“ Срцето ми зачука. Осетив дека на неговото кружење му дојде крајот. „Иако знам дека тоа не би го направил, би ти бил лут“ „иако знам дека тоа не би го направил“го изговорив затоа што знам дека тој тоа би го направил па сакав да осети болка! „Преѓе ти ветив дека ќе ти кажам кој јас и Никол лажиме ... “ Тогаш почна срцето силно да ми чука .... Чарли почна да се поти и да не можи да седи на едно место. Стана од креветот. На моето биро имаше поставено едно мало шише вода, го зеде и се напи. Се сврти кон мене „Сакаш?“ и ми го подаде шишето Го зедов, се напив и му го вратив. Тој седна на старото место и ме погледна во очи ... | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:05 pm | |
| Глава 5 – За сонот „Знаеш, поголмите браќа се за да ги мразиш, да викаш на нив, колку да се олесниш и после пак да ги сакаш и да ги прегрнуваш“ рече Чарли Јас веќе не можев да издржам. Неговото кружење ме мачеше. „Кажи веќе еднаш бато!“ извикав Чарли го доби тоа што сакаше. Ме изнервира. „Ајде прстани да кружиш и премини на главното!“ му реков. Ладнокрвно Чарли ми рече „Во право си“ Навистина се чудев како можи да е толку ладнокрвен. „Да преминам на главното треба.“ рече „Ова за мразењето е само за да те спремам и да ти докажам дека ќе ти помини ...“ „Што да ми помини?“ изнервирано прашав „Омразата кон мене.“ ладнокрвно ми рече. „Кажи веќе еднаш бато, се нервирам вака“ реков „Во ред.“ рече Толку многу го чекав овој момент, рече „во ред“ чекав да кажи, но во собата влезе мојата мајка. „Разговор помеѓу браќа?“ праша мама и се поднасмевна. „ќе го завршите овој разговор утре бидејќи сега е доцна и неможите да се концентрирате многу добро“ Зошто ли мама сега влезе? Беше точно како нарачана ... Се разочарав. Чарли става и отиде кај вратата, „Добра ноќ Зик, утре ќе разговараме, а водата нека остани, можда ќе ти притреба“ се насмевна „Добра ноќ бато“ реков. „Те чекам утре ...“ Чарли ја затвори врата, а јас веднаш станав. Зедов чаша и ја поставив на ѕидот кој ја дели мојата соба и собата на Чарли. Ги слушнав гласовите не Чарли и Никол. „Успеа ли да му кажиш?“ праша Никол „Не.“ рече Чарли. „Мама влезе и ..“ не доврши. „Јас ја викнав. Мило ми е што влезе во вистински момент.“ рече Никол „Луда ли си ти?“ рече Чарли „Јас мислам дека не треба да му кажиме, барем не сега ... “ рече Никол „Во право си миличка “ рече Чарли „Оди сега во твојата соба и убаво сонувај“ „И ти,“ рече Никол Зошто Никол не сака да знам за нивната тајна? Зошто? Толку ли тоа ќе ме погоди или пак не ми веруваат па мислат дека ќе ги издаам? Што ли беше, се прашував ... Слушнав дека Никол излезе од собата. Чарли најверојатно чегна да спие зошто колку што слушав компјутерот беше исклучен. Легнав и јас. Бев уморен, многу уморен, заспав. Сонував страшен сон од кој толку многу се уплашив и не сакав да биде вистина. На кој ли ќе му го кажам мојот сон сега? Порано му ги кажував на Чарли, но сега имаме друго за зборување, а згора на тоа во мојот кошмар го имаше и него ... Дојде време за појадок. Господинот Тоби беше утринска смена на работа така да не присуствуваше на појадокот. Мајка ми ја постави масата. Никол и` помагаше на мајка ми при поставувањето на масата и во кујната. Јас седнав на масата додека тие редеа. По скалите слезе Чарли целиот поспан и седна на масата. „Што има за јадење мамичке?“ праша Чарли Ова беше и секојдневно прашање на Чарли. „Научи се да чекаш чарли!“ рече мама. „Мамооооо!“ рече Чарли Сите понавме да се смееме. Иако не ми се смееше мене и јас почнав да се смејам, а чарли се лутеше. | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:05 pm | |
| Глава 6 – Нервоза После појадокот му се приближив на чарли. Тој гледаше телевизија. „Бато, дојди во мојата соба. Нели ќе разговаравме, реков.“ Чарли го исклучи телевизорот и ме погледна. Стана „Во ред“рече Се качивме по скалите и отидовме во мојата соба. „Мислам дека веќе нема потреба да заобиколувам како вчера“ рече Чарли. „Да“ реков „Вчера претпоставувам дека многу те збуднив, но денес ќе дознаеш се`!“ рече Чарли „Ако продолжиш да заобиколуваш бато пак ќе ме збуниш“ реков „Во ред“ почна Чарли, „ Татко умре кога ти имаше 13 години, тогаш мама се премажи за Тоби. Тоби има ќерка Никол, и ти кога наполна 15 години се вљуби во неа. Многу глупаво постапи кога пред сите му кажа на Тоби дека ја сакаш неговата ќерка. Сега тој премногу внимава на тебе, сега си веќе 18 годиншен помина доста време од тогаш , но ти сеуште ја сакаш Никол ...“ подзастана „Тоа е точно бато, продолжи“ реков „Лани .. Јас сватив дека сум љубоморен на тебе. Сватив дека и јас ја сакам Никол и јас постапив како тебе и и` кажав. Тогаш таа ми кажа дека и таа ме сака мене. Му кажавме на мама ...“ Мене очите ми се наполнаа со солзи, но не пуштив ни една солза, слушав. Почнав да чувствувам омраза и голема љубомора кон мојот поголем брат. „Тогаш мама му кажа на Тоби. Тој дојде во мојата соба и ми се изнаразвика за тоа. Никол плачеше ....“ не го оставив да доврши „А каде бев тогаш јас?“ прашав „Кај баба“ рече Чарли „Продолжи“ реков „Многу го молев Тоби, но не успеав и со Никол почнавме тајно да се гледаме без никој да знај. Мама неодамна дозна дека ја и Никол продолживме да се гледаме и многу е загрижена сега.“ продолжи Чарли „Во фабриката има проблеми и ако повторно му кажиме на Тоби можи лошо да помини ...“ воздивна Чарли „Што можи да му биди на Тоби?“ прашав „Можи да добие срцев удар ... “ рече Чарли за себе и една солза му протече „Има слабо срце, а не сака да ги зема апчињата бидејќи мисли дека е доволно здрав. Мама се плаши за него.“ Тобаш не знаев што да направам. Не знаев како да изреагирам. „Зошто ми го кажа сето ова?“ прашав „Вчера прислушкуваше и се заинтересира, ако дознаеше од прислушкувањето дека ја сакам Никол можеше да му кажиш на Тоби и ....“ го рекинав „Не зборувај понатаму! “ викнав, една солза ми протече „ те сметав за брат Чарли! Мислев дека ако Никол е последна на светот не би бил со неа, а ти? Се вљуби нели? Се вљуби во симпатијата на твојот роден брат? Каков брат си ти воопшто? “ прашав Чарли седеше. Ја спушти главата надолу во знак на вина. Неможеше да речам дека лажи бидејќи цело време додека кажуваше гледаше во моите очи .... По сите овие обвинувања Чарли седеше сталожено на неговото место со галвата надолу. Јас плачев. Кога престанав да го обвинувам Чарли ја крена главата. „За тоа се поголемите браќа Зик, кога си нервозен да ја истуриш нервозата на нив ...“ рече Чарли Кога го рече тоа, јас почнав уште повеќе да плачам и го гушнав. „Зошто си со Џени, а сепак ја сакаш Никол?“ ме праша Чарли „За да и докажам на Никол дека не е единствена“ реков Чарли се поднасмевна. „Гледаш колку си глупав?“ ми рече | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:05 pm | |
| Глава 7 – Се вљубив Ми рече дека сум глупав. Секогаш на мајтап тоа ми го велеше, но сега беше сериозен. „Ама зошто?“ прашав „Ти на Никол и даде до знаење дека ти ја сакаш Џени и дека ја заборави неа, така да таа се почувствува слободна ...“ рече Чарли , но не доврши „Ти си со Никол и сепак ме советуваш да се борам за неа?“ прашав зачудено „Па сепак ти си ми помал брат и Никол да не ме сакаше не би се осмелил ни да ја погледнам во очи. “ рече чарли Јас се насмевнав. „Јас знаев дека ти се гледаш со Никол, дознав вчеравечер, но не бев сигурен. “ реков „ Ама како можи да те мразам тебе?“ „Ти реков дека ќе ти помини“ почна да се смее Чарли „Знаеш дека ме нервираш така кога велиш нели? “ прашав „Знам, и затоа сум упорен“ почна Чарли повторно да се смее. „И сеуште се гледате со Никол?“ прашав „Не веќе. После појадокот пре д да гледам телевизија зборувавме и залучивме дека вака веќе неможи ...“ почна Чарли, му потекоа неколку солзи. „Во ред е бато“ и јас почнав да плачам „ Ќе најдиш некој кој ќе биди за тебе“ „И ти ќе најдиш Зик,“ рече Чарли Кога излеговме од собата мама беше на врата и плачеше. „Се гордеам со вас деца“ рече Чарли почна да се смее и рече „И после се чудиме на кој е малиот прислушкувало“ Мама тогаш се подизнервира и го удри чарли по главата, а тој почна да се смее и влезе во неогвата соба и само довикна. „Прислушкувала!!“ се смееше Чарли Мама ме виде. „Немој да ја повреди Џени, таа е добра девојка. “ ми рече По овој разговор со брат ми и советот од мајка ми се чувствував многу повесело и подобро. Слегов во градината и таму ја видов Никол. Се скрив зад едно дрво и ја набљубував. Таа пееше некоја народна јапонска мелодија и пишуваше нешто. Нејзиниот глас беше најубав, но тогаш се сетив на Џени и на тоа дека Никол ми е сестра. Ја гледав уште краток период. Потоа влегов внатре. Седнав на компјутерот и проверив дали имам пошта. Тогаш имав пошта од Џени, и почувствував нешто во градите, потоа чувствував пеперутки во стомакот. Дали јас се вљубив во Џени? Се запрашав. Во пораката пишуваше дека ме чека во осум пред киното и дека имала купено карти за на некој филм. Не знаев што да одговорам иако сакав многу да одам, тогаш е вечерата и мора да бидам дома зошто Тоби ќе се налути. Станав и ја шрашав мама. „Мамо, вечерва сакам да одам на кино, кај осум ...“ реков „Мило, барем еден час подоцна да беше ...“ рече мама „Ама Џени ги купила картите мамо“ реков со тажен глас. „Оди сине. Јас ќе му кажам на татко ти дека си излезен со девојката“ рече мама Бев прерадосен. Кога дојде седум часот отидов и се истуширав. Потоа барав што да облечам и ставив од парфемот на брат ми. Веќе бепе осум без петнаесет минути и јас со трчање се упатив кон киното. Таму стигнав за пет минути и Џени сеуште не беше дојдена. Точно во осум часот без две- три минути таа дојде и заедно влеговме во кино салата. Филмот беше преубав, но таа беше поубава ... | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:06 pm | |
| Глава 8 – Тоби бил среќен за мене? Вечерта кога се вратив зборував со Чарли. Додека не сум бил тука сакав да ми раскажи се т.е. Како изреагира Тоби. „Ајде кажи ми“ реков „Сакам се да знам!“ „Епа вака. Кај осум и петнаесет дојде Тоби дома. Седна на масата и праша за тебе. Тогаш мама му кажа дека си на кино со Џени и дека Џени ги резервираше картите така да греота е да ги фрли.“ Навистина ме интересираше како изреагирал Тоби. „После“ рече Чарли „Ја виде мама. Погледна кон сите нас и рече да ти пренесиме да му кажиш на Џени дека вечерата кај нас е нешто свечено и рече ..“ Чарли подзастана и почна да се смешка „Ајде Чарли кажи ми“ не бев стрплив. „Рече да ја доведиш Џени на вечера!!“ извика Чарли Јас се стаписав, знаејќи го Тоби ќе почни да ја учи Џени, а знаејќи ја Џени ќе му се спротистави и пак јас сам .... „Не тоа не смее да биде!“ реков „Зошто не?“ праша Чарли „Тој сепак беше премногу среќен за тебе!“ На оваа реченица на Чарли не верував. „Тоби бил среќен за мене?“ се прашав себеси „Не тоа не е можно – тој мисли само на работата и на уништувањето на љубовните врски на неговите деца!“ Чарли ме гледаше и се обидуваше да дознаам што мислам (секогаш го правеше тоа) „Зик? Тука си? Што е? Се чудиш како Тоби е пресреќен за тебе?“ ме праша Како знаеше дека јас мислам баш на тоа? Што ли е тој, се прашував? Некој волшебник ли? Читач на мисли или што?! „Како знаеш на што мислам бато?“ прашав „Само претпоставувам“ се насмевна Чарли. „Почна да размислуваш кога ти кажав дека Тоби беше пресреќен за тебе“ Тогаш повторно се замислив. Го видов брат ми. Се насмевнав. „Во право си. Јас пак помислив дека си некој волшебник или читач на мисли.“ реков „Сеуште веруваш во тоа ...“ воздивна Чарли и се фати за глава. „Понекогаш мислам дека имаш 8, а не 18 години“ Тогаш јас направив тажна и лута фаца и почнав со перницата да го мавам брат ми. Тој ја зеде другата перница и почна да ме мава мене. Вака се тепавме кога бевме мали. Тато секогаш не гледаше како се тепаме. Мама влезе во собата „Господе како мали деца сте!“ рече мама„Срамота, едниот 18, а другиот 20 години ги зедоа перниците и се тепаат!“ Пред мама бевме сосема мирни, ги наведнавме главите.После ова мама излезе. „Дали се сеќаваш кога вака се тепавме додека бевме мали и секогаш тато кога ќе не видеше се смешкаше“ рече Чарли „Се сеќавам“ реков „Како вчера да беше. Многу ми недостига“ Тогаш Чарли ме прегрна и ми рече „На сите ни недостига!“ „Сакам да се врати“ реков „Тоа е невозможно“ рече Чарли „Него таму горе му е многу подобро, верувај ми. Тој не гледа и се гордеј со нас – се надевам“ „И јас се надевам дека се гордеј со нас“ реков Тогаш почнавме да се сеќаваме на сите глупости кои ги правевме заедно со мојот брат чарли. Дојде време за спиење. Чарли стана и отиде ово неговата соба, а јас во мојата. | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:06 pm | |
| Глава 9 – Ден без неа Следниот ден Никол отиде во село да и` поможи на баба зошто е многу стара и не можи се да прави сама. Тие денови кога Никол беше таму заборавив дека воопшто таа девојка постои. Секој ден наутро со Чарли одевме на базент и се капевме, а секоја вечер излегував заедно со Џени. Имаше уште еден месец до почетокот на учебната година. Многу сакав да учам медицина и се запишав да учам за доктор. Да бидам доктор ми беше животен сон, а Чарли често ми велеше дека многу подобро би било да бидам адвокат или судија, и бидејќи јас не сакав тој веќе ќе оди трета година на правен факултет. Веќе зедов неколку книги и почнав да учам уште од сега. Бев превозбуден. Кога читав нешто во врска со медицина се сеќавав на татко ми. Татко ми беше доктор и јас секогаш сакав да бидам како него. Џени сега е четврта година средно, а пак Никол трета година средно. Јас сеуште се чудам како Никол со малце учење има добри оцени, а јас мора да се раскапам одучење за да добијам повисока. На Чарли целиот материјал му е на компјутер па затоа кога учи, учи на компјутер и секако понекогаш се приклучува на интернет да види што како стои. Ах и моето учење да беше такво – но не е, јас учам од доста дебели книги и анатомски атласи. Веќе сите ги купив , ако еден месец порано. Никол пак секогаш има време да и поможи на мама околу чистењето и околу готвењето, потоа се затвора во соба учи два- три часа и потоа иди кај мама и и` вели да ја преслуша. Можеби и јас треба да тргнам по нејзините чекори, да учам со ред и да и` велам на мама да ме преслушува! Поминаа веќе три дена откако Никол отиде на село. Со Чарли се вративме од на базент и јас седнав да го разгледува анатомскиот атлас. Многу ме интересираше анатомијата. На првите страни од атласот имаше прегледни слики од коски. Некаде кон средината имаше за срцето. Го разгледував атласот, и ако нешто многу ме заинтересираше ќе прочитав. Дојде времето да одам и да се видам со Џени. Се договоривме да се чекаме во паркот. Стигнав половина час порано и го видов она што не сакав да го видам. „Зар мора да сум толку несреќен?“ се запрашав Сигурно се интересирате што видов нели? Па не мора веќе да чекате и самите знаете дека јас сум многу несреќен во љубовта! Па Џени има друг, но не смеам веднаш да изреаирам, можеби и е брат, пријател ... Додека така размислував се случи и она од кое најмногу се плашев. Тоа момче ја бакна мојата Џени, таа се насмевна и го прегрна и потоа се упати кон нејзиниот дом. Јас седнав на клупата на договореното место. За петнаесет минути Џени дојде. Беше како и секој ден, насмевната, со црвени обравчиња. „Дали секој ден таа се гледа со тоа момче?“ се прашав Почнавме да шетаме „Што правеше пред да дојдиш?“ ја прашав „Се спремав, се туширав и шминкав“ рече таа „А ти?“ „Јас само се туширав“ се насмевнав. Таа почна слатко да се смее. Не бев сосема сигурен дека мојата Џени се гледа со тоа момче. Вечерта си дојдов дома и му кажав се на Чарли. „Треба да ја прашаш“ ми рече Чарли „Да ја прашам? Ама ако ме лажи?“ реков „Господе Зик, сега имаш 18 години и не знаеш како да се однесуваш доколку знаеш дека девојката има друг? Нормално е дека ќе раскините!“ рече Чарли „Да раскинеме ли?“ со страшен глас реков! Зар Чарли не забележа дека ја сакам таа девојка? Сите знаат дека сум имал многу девојки и дека им раскинував како ништо да не било, но јас ја засакав Џени, исто како и Никол, а можеби и повеќе. | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:06 pm | |
| Глава 10 – Се плашам да го направам тоа Премногу се плашев, не знаев што да направам. Прв пат да не сакам на некоја девојка да и` раскинам. Советот на Чарли беше јасен ... Зборував и со мама. „Зар Џени да се гледа со друг?“ се зачуди мама „Невозможно, таа не гледа за таква девојка, патем како дозна сине, не е добро да веруваш во се што ќе слушниш“ „Знам мамо не изгледа за таква девојка, но јас не слушнав туку видов со свои очи“ реков „Виде ли?“ се зачуди мама „Да мамо. Подранив малце и ја видов со него, се бакнуваа после таа замина и се врати во договореното време надоговореното место ...“ објаснив „Тогаш сине“ рече мама „ Држи се подалеку од неа“ Повторно истото. „Ја преболив Никол, ќе ја преболам и Џени“ реков Мама се насмевна и ме погали. „Се гордеам со тебе сине, веќе стануваш маж!“ рече мама Слегов долу и го пуштив телевизорот. Тогаш некој ме баци на образот и кога се свртив ја видов Никол. „Здраво бато. Како е?“ ме праша Никол и ми седна пред мене. „Убаво“ реков „Лажиш!“ рече Никол „По очите се гледа дека ме лажиш.“ „Па не е баш најубаво“ реков „Има проблем?“ ме праша Никол „Мал.“ реков „Кажи ми“ беше упорна Никол „Јас и Џени раскинавме“ реков „Чудно ...“ рече Никол „Сега кога идев ја видов и ми рече дека сте супер“ „Уште и немам раскинато, но тоа ќе го направам најбрзо што можам ..“ реков „Зошто?“ се интересираше Никол „Па таа се гледа со уште некој, не сум само јас“ реков натажено Никол ме погледна. Јас сеуште не можев да верувам дека ова го сподел и со неа. Таа ме гледаше. Јас почувствував дека ќе ме прегрни и бакни, но таа само ме погали по косата и седна на креветот до мене. „Ако таа сака да се гледа со него откачи ја, ако тој ја принудува да се гледа со него, бори се за неа!“ рече Никол Бев зачуден. Неочекував да го кажи ова. И Чарли и мама не ми дале поубав совет од овој. Но, не! Јас сватив дека не ја сакам Џени, јас сеуште ја сакам Никол ... Но, сепак многу ме болеше што Џени се гледаше со друг. „Благодарам сестричке“ и реков на Никол Никол се насмевна и ме прегрна. „Ништо бате. Кога имаше некој проблем слободно кажи ми“ се насмевна Никол и замина да ја побара мама. Продолжив да гледам телевизија. Но денот бил таков додека гледам телевизија некој да ме спречува. Некој заѕвони на вратата. Отидов и отворив. Крај вратата седеше Џени. Главата и беше сведната. „Влезни“ реков „Благодарам“ рече Џени и влезе во собата Ја послушив со сок од јаболка и круши. Таа ја држеше чашата и не пиеше „Јас дојдов да ти кажам нешто“ рече Џени Јас веќе знаев за што се работи, но како и секогаш јас молчев додека не дојдеше вистинскиот момент. „Кажи“ реков ..... | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:06 pm | |
| Глава 11 – Јас те сакам само тебе „Прво сакам да се извинам“ рече Џени „Направив голема грешка“ Се уплашив, но останав смирен во нејзините очи иако имав внатрешна војна. „Кажи“ реков „Секоја грешка можи да се исправи“ „Мило ми е што мислиш така .. “ рече „Но оваа грешка е непростлива“ „Не заокружувај, премини на главното“ рече „Добро“ рече Џени „Додека јас и ти сме во врска јас бев и со друг“ Почна да ме стега срцето „Ама само неколку бакнежи ништо повеќе!“ почна да се правда „Како се запознавте?“ бев упорен „На интернет. Тој посака да се запознаеме и јас прифатив, делуваше на добро момче ...“ почна да плачи „Не плачи , продолжи“ реков ладнокрвно „Шетавме, се забавувавме и пред да се разделиме ме бакна ...“ рече „Ти сакаше ли да те бакни?“ прашав „Секако дека не! “ рече „Јас те сакам само тебе!“ Звучеше уверливо. Не знаев што да правам – како да изреагирам ... Се свртив кон вратата и ја видов Никол.Не знаев што да правам. „Извини ме.“ и` реков на Џени Се упатив кон врата „Никол .“ реков Ова беше тежок момент за мене, двете девојки кои ги сакам на едно место... „Што да правам?“ прашав „Добро ја слушна. Има многу такви момчци“ рече „Бори се за неа, зошто ти повеќе ја заслужуваш Џени од тоа момче“ Никол многу ме охрабри И се заблагодарив и се вратив кај Џени. Пред да почнам да зборувам пак се свртив кон вратата, но Никол веќе заминала. „Џени,“ реков „Јас ќе се борам за тебе!“ „Навистина?“ изненадено Џени извика „Да“ реков сталожено. „Тој сака пак да се видиме ...“ рече Џени „Прифати“ реков „ И јави ми и кажи ми кога и каде“ Џени се насмевна ме прегрна и ме бакна „Важи .. Ќе ти јавам. Сега одам дома“ рече „Благодарам!“ „Нема зошто.“ реков Ја испратив и таа замина. Седнав во мојата соба покрај работната маса и почнав да го разгледувам анатомскиот атлас. Стигнав до деловите на мозокот. Се заинтересирав за мозокот и го отворив учебникот и почнав да читам. Немаше ништо интересно и го оставив. Сакав да знам дали можиш да се вљубиш во две личности одеднаш. Тогаш кога видов кон вратата ја видов Никол. Беше седната долу на подот крај вратата и ме гледаше. „Што е?“прашав „Денес некој те пратил да ме шпионираш?“ „Не знам.“ рече „Само ми си интересен кога нешто не можиш да откриеш, кога се нервираш, а денес си таков“ „Навистина?“ прашав „Да.“ рече „Изгледаш како мало бебе кое не знае што сака“ „Навистина?“ прашав изненадено „Да“ рече „ Ќе ми кажиш што те мачи?“ „Мала си нема да сватиш“ реков Никол ме погледна доста налутено и јас почнав да се смејам. | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:07 pm | |
| Глава 12 – Советот од неа „Во ред.“ реков „Ќе те прашам тебе за се што ми треба помош“ Тогаш Никол се насмевна. „Дали можи во исто време да сакаш две личности?“ прашав „Дали можиш да сакаш?“ се запраша Никол „ Секако дека можи!“ „А да си во две личности вљубен?“ прашав „Е тоа не!“ рече Никол „Значи јас сакам две личности, ама ни една не сакам сериозно?“ прашав „Ама тешко сваќаш“ почна Никол „Туку?“ пак прашав „Слушај, едно е да ти се свиѓа некој, а едно е да си вљубен. “ почна Никол „Кога некој ти се свиѓа, е ... на пример кога ја гледаш едната личност ја сакаш повеќе од другата, а да си вљубен е да не можиш ни минута да поминиш без таа личност.“ Никол ме замисли. Сите овие години само сум ја свиѓал Никол, а никогаш не сум бил вљубен во неа? Не возможно. „Се надевам дека ти помогнав. “ рече и почна тргна кон вратата. Бев избезумен и ја зедов и ја прегрнав. „Јас те сакам само тебе!“ извикав Никол ме гледаше зачудено „Во ред си Зик?“ ме праша „Да не имаш температура?“ „Што е?“ реков „Се плашиш од вистината?“ „Зик пуштиме“ рече Никол Бев така занесен додека не почувствував како некој ме корни. „ГОСПОДИН ТОБИ“ се уплашив Кога се свртив тоа беше Чарли „Не е Тоби“ рече Чарли „Да беше немаше да поминиш само со корнење за коса туку ќе те откажеше од син“ „Убо“ реков Ја пуштив Никол и таа како некое маче отиде кај Чарли и го прегрна и почна да се жали „Овај е лош бато, натепај го!“ рече Никол Чарли почна да се смеј како и јас. Телефонот заѕвона, јас истрчав и се јавив. Тоа беше Џени. „Џени?“реков„Кога?“ „Пред киното“ рече Џени „Во шест“ „Ќе бидам таму на време. “ реков „Ќе бидам скриен“ „Добро“ рече Џени „Одам да се спремам“ „Во ред“ реков „Чао“ Спуштив. Кога се свртив од едната страна беше Никол а од другата Чарли. „И?“ праша Никол „Духови ли од на Џени куќата ќе терате или духови од киносалата?“ праша Чарли „Вие сте ненормални“ реков „И?“ пак праша Никол „Стварно кажи ...“ Не ја оставив да докажи. „НЕ!“ реков „Јас ја сакам Џени и јас и таа ќе го средиме нашиот проблем!“ Чарли и Никол останаа со отворена уста „Не се мешајте!“ повторно реков Кога се свртив само ги видов очите на Никол. Беа полни со солзи, но ни една солза не истече. Застанав. „Никол, немој да плачиш.“ реков „Не си веќе мала!“ Чарли и Никол повеќе се зачудија... | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:07 pm | |
| Глава 13 – Никој нема да те одземи од мене Дојде и шест часот. Се скрив кај едно дрво и ја чекав Џени, а и тоа момче. Џени дојде прва. Се гледаше дека е уплашена. Дојде и тоа момче. Ја прегрна. Зборуваа. Проба да ја бакни, но тогаш јас излегов од моето засолниште. „Пушти ја“ реков „Ти нема да ми кажиш што да правам со моајта девојка!“ рече момчето „Ма немој!“ реков јас „Твоја девојка а? Извини дечко, ама таа е моја девојка!“ „Што е?“ праша момчето „Ти раскинала заради мене и сега идиш да плачиш?“ „Не! “ реков „Туку дојдов да ја одбранам од човекот кој таа веќе не го поднесува!“ „ПРЕСТАНЕТЕ!“ извика Џени „Џон, јас го сакам Зик. Тоа ти го кажам над милион пати, но ти беше упорен. Јас го викнав Зик да дојди и да ми поможи ...“ Не ја остави да докажи „Значи ти го викна?“ рече „Добро тогаш, јас ќе се борам за Џени!“ „И јас“ реков „Зар ваков слабаккако тебе ќе се бори за Џени?“ се насмевна „Не ми се верува!“ „И нема да ти се верува“ реков „верувај ми“ „На пример, ајде да се тепаме!“ предложи Џон. „Не сме деца“ реков „Можиме да седниме и да разговараме“ „Не ми се допаѓа тој начин“ рече „Само глупавите разговараат“ Тогаш сватив дека тој едноставно не го користи мозокот и дека глевата му служи само за фризури. „Епа тогаш Џени ајде да си одиме“ реков Џени дојде по мене, но Џон беше многу моќен и снажен и ме удри со тупаница по лицето. Паднав на земја. Морам да признаам дека многу болеше, ме раскрвави. Џени се уплаши и ме прегрна. Сите луѓе кои беа присутни се чудеа на глетката. Никој не се осмели да се помести од местото на кое стоеше. „Ти реков дека си слабак?!“ почна да вика Џон „Џени не би отишла со таков како тебе“ Џени почна да плачи. Во паркот седеја неколку стари жени и почнаа нешто да зборуваат межу себе гледајќи кон Џени. Секако и другите луѓе зборуваа меѓу себе, но само тие жени не го тргаа погледот од Џени. „Епа тогаш ...“ реков „Да почниме“ Исто така и јас му удрив една тупаница. И тој падна, но веднаш стана. „Значи приафаќаш?“ рече Џон. „Најди си добро друштво и на полноќ овде те чекам.“ „Ќе се тепаме ли?“ ладнокрвно прашав „Да.“ рече Џон „И без добро друштво нема да опстоиш, верувај ми!“ Џон си замина. Луѓе малце по малце се разстгнаа. Џени седна на клупата што се наоѓаше веднаш до старите жени. Јас седнав до неа. Таа почна да ја бриши мојата крв од лицето. „Те повреди“рече „Не требаше да дојдиш“ „Јас ќе сторам се за тебе“ реков „Не оди вечер.“ рече Џени „Тие не знаат кај живејш ...“ Не ја оставив да доврши „Сепак, ќе се борам за тебе“ реков „И јас секогаш стојам до дадениот збор“ Кога тргнавме поминавме пред старите жени. „Сине“ рече едната стара жена Јас се свртив „Прво осигурај се дека никој од кај тебе дома нема да биди излезен и не оди таму“ рече жената Џени се насмевна и ме погледна, и јас ја поглднав неа. „Благодарам госпоѓо“ реков „Ќе ве послушам“ Тогаш јас и Џени заминавме. Неа ја испратив до дома, а потоа си заминав и јас. | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:07 pm | |
| Глава 14 – Душкалото Кога дојдов дома на сите им го раскажав настанот. „Сине“ рече Тоби „Мислам дека е време да се викни полиција – за секој случај“ „Не.“ реков јас „Доволно е сите да останиме дома“ „Епа супер!“ се налути Никол. „Секогаш кога ќе треба со некој да излезам се случува нешто!“ „Треба да бидиш заштитена Никол“ рече мама „Што ако излезиш со тоа момче и после да имаш проблеми и ти и брат ти и сите ние? Откажи му на момчето“ Никол стана и зборуваше на телефон доста долго време. Потоа се врати и седна на нејзиното место. Беше како црн облак – налутена. „Чарли?“ праша Тоби „Ти да не имаш некаде закажано?“ „Не татко“ рече Чарли „Супер“ рече Тоби. „Би те замолил да внимаваш на Никол бидејќи таа можи да направи некој глупост“ „Во ред татко“ рече Чарли Малце се зачудив. Ако Тоби знае дека Чарли и Никол се сакаат повторно ги става заедно да се вечерва? „Зик“ ми се обрати Тоби „Ти ќе останиш со Чарли и Никол, можи?“ „Секако татко“ реков Тоби има нешто наумено, помислив. И мене и Чарли не остава заедно со Никол, а знае дека и двата сме ја сакале, а можеби и сеуште ја сакаме ... Разговорот заврши. Се беше нормално, Тоби седна на фотелјата и го читаше весникот, мама седна на двоседот и читаше книга, јас, Чарли и Никол бевме на вториот кат. „Како е можно да знаат каде живееш кога во паркот се запознавте?“ праша Никол „Не знам“ реков „Технологијата оди напред сестричке“ Сите седевме и ништо не зборувавме, но јас ја нарушив таа тишина. „Зошто татко ни рече сите да седиме заедно во една соба, кога знае дека и јас и Чарли ја сакавме Никол?“ прашав „Зошто треба да се држиме заедно“ рече Чарли „И да ја затвориме таа тема“ „НЕ!“ реков јас „И онака ни е доста досадно па да зборуваме за нешто“ „Знаеш Зик понекогаш тишината е најдбар звук што го слушаме“ рече Никол Повторно настана долга тишина. Јас лежев на мојот кревет, Никол гледаше низ прозорецот, а Чарли седеше на столот. Зошто тие два не сакаат да зборуваат за тоа? Знам дека Никол сега има нов дечко, дека не заборави и двајцата, но да го решиме тоа веќе еднаш. Што ли има Тоби испланирано? Навистина бев љубопитен, но морав да седам дома. Дојде и полноќ. Чекав. Сите чекавме на своите места. „Триесет минути по полноќ“ рече Чарли „Има време “ реков „ Јас сепак сакам да зборуваме, ве молам“ Никол се налути и се сврти кон тарата глетка од прозорецот. „Никол“ рече Чарли „ Мислам дека иако порасна Зик е многу упорен, така да нема да можиме уште многу долго да ја криеме вистината од него, време е да му ја кажиме“ „Како сакаш“ рече Никол ВИСТИНАТА? За која вистина зборуваат сега пак? Ме излажа ли тогаш Чарли или пак се работи за нешто трето? „За што вистина се работи сега пак?“ прашав „Сега му се довери на Никол дека си вљубен во Џени?“ Чарли почна да се смее. „Секако дека не“ рече „Јас ти сум брат и не смеам такво нешто да направам“ „Но, направи“ реков Чарли и Никол почнаа да се смејат. Никол се сврти кон нас. „Стварно толкаво душкало си а сепак многу тешко сваќаш?“ | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:08 pm | |
| Глава 15 – Клучот е на вратата „Што треба да сватам?“ прашав „Дека јас и Никол не бевме никогаш заедно“ рече Чарли „Но ...“ се зачудив јас „Ние те лажевме.“ рече Никол „Сакавме да те направиме љубоморен и да видиме дали ќе почниш да душкаш“ „Почна да душкаш“ рече Чарли „Но, дојде до лажна информација“ „Вие никогаш не сте биле заедно?“ прашав зачудено „Да“ речкоја Никол и Чарли во еден глас. „Помислив и на тоа дека ме лажиш“ реков „Но, звучеше премногу уверлив, посебно со оние заобиколувања“ „Па Чарли е добар лажго“ рече Никол Сите почнавме да се смееме доста гласно. „Извинете ме“ рече Никол „Ќе одам до ВеЦеТо“ Никол тргна. Иако беше четириесет и пет минути по полноќ. Поминаа петнесет минути , дојде еден часот по полноќ. „Каде ли е?“ прашав „Во ВеЦе“ рече Чарли „Ти се шегуваш со мене?“ реков „Веќе петнаесет минути е таму!“ „Па ти седиш и по пола час“ почна да се шегува Чарли „Чарли“ реков „Ова е сериозно!“ „Навистина!“ рече Чарли „Можеби пропаднала в шолја или се удавила во лавабото!“ „Значи со тебе не можи да се направи сериозен разговор!“ реков „Добро“ рече Чарли „Зошто си загрижен?“ „Како зошто?“ реков јас „Можеби тие лудаци ја зеле сестра ми!“ „Интересно“ рече Чарли „Од ВеЦето?!“ Чарли почна да се смее. „Јас одам да видам“ реков Коа тргнавНикол стоеше пред врата и се смееше. „Всушност сега ќе одам. “ рече „Сакав да викам како ќе изреагираш Зик“ „Значи вие двајца постојано ме тестирате?“ прашав „Да“ рече Чарли Никол повторно замина. Сега ја немаше подолго од првиот пат. Јас мислев дека е повторно шега. Чарли стана и погледна низ прозорецот. Гледаше загрижен. „Што е?“ прашав „Сега глумиш загрижен за пак да паднам на истата шега?“ „Мисли што сакаш“ ми рече Чарли „Јас одам да видам каде е Никол“ Чарли никогаш не знаеше да ја сокрие загриженоста. Тргнав по него. „Извини бато“ реков „За вака што изреагирав“ Чарли не ми одговори туку почна да тропа на вратата од ВеЦето. „НИКОЛ?“ викна Чарли „Внатре ли си?“ Повратен одговор немаше „Никол?“ повторно викна Чарли многу позагрижено од првиот пат „Се шегуваш нели?“ Ова стигна до уште на мама и Тоби. Тие се качија горе. „Што е со Никол?“ праша Тоби „Повеќе од пола час е внатре“ рече Чарли „И сега кога викам не зборува“ „Никол?“ рече Тоби „Крај на шегите девојко! Излегувај за пет минути или јас влегувам!“ „Како ќе влезиме?“ праша мама „Имам клуч“ рече Тоби Тоби почна да отклучува, но беше безнадежно. „Клучот го остави на вратата“ рече Тоби. | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:08 pm | |
| Глава 16 – Во полициската станица „Што ќе правиме сега?“ праша мама „Ќе ја скршиме вратата“ рече Тоби Тоби седе стол и почна да удира по вратата. Удираше доста долго кога вратата се отвори. Прозорецот беше отворен и во ВеЦето немаше никој. „Каде е Никол?“ праша мама „Не знам“ рече Тоби загрижено Тогаш мене ми заѕвона телефонот. Се јавив „Добравечер?“ реков „Да дојдеше немаше да биди сестра ти во наши раце“ рече гласот што јас претпоставував дека беше Џон. „Како тоа?“ прашав загрижено Домашните сите гледаа во мене. Сите беа загрижени. „Сега ќе дојдиш и ќе разрешиме она што почнавме. “ рече Џон „Само така можи да ја земиш сестра ти и да бидиш со Џени“ Џон ми спушти. Се свртив кон моите. „Никол е кај Џон.“ реков Сите беа многу повеќе зарижени. Вникнавме некои Чарлиеви пријатели и тргнавме кон договореното место. „Зар твоите пријатели не спијат ова време?“ праша Тоби „Не. “ рече Чарли „Седат до доцна и интервенираат ако некој другар е во неволја“ Веќе за половина час бевме на договореното место. Ние бевме 10 души, но и тие. Јас морам да признаам дека бев најситниот и најмалиот таму. „Си нашол добро друштво“ рече Џон „А сега ајде да испробаме што знаеш.“ Џон и неговото труштво идеа се поблиску и поблиску. Тогаш за клупата врзана ја видов Никол. Се изнервирав и почнав да го удирам Џон. Сите околу нас почнаа да се тепат. Морам да признаам дека Џон многу добро се тепаше, но забавата престана кога дојде полиција и брза помош. Сите не` наредија на ѕидот од киното и не претресоа. Од друштвото на Џон извадоа секакви ножица. Подоцна забележав дека Чарли не е на ѕидот. Почнав да го барам со поглед. Кога се свртив на кај болничкото комбе го видов. Тој лежеше на болничката лежалка. Беше цел со крв. Се тргнав од ѕидот и отидв кај брат ми. „Како е?“ прашав „Ќе биди добро“ рече докторот „Само мора да го спречиме крварењето – изгуби премногу крв“ Тогаш за рамото ме фати полицаецот. „Ајде во станица.“ рече „Сега плачиш а? Каков маж си ти?“ Тогаш видов како еден полицаец ја одврзува Никол. „Никол .. “ реков Никол плачеше. Дојдоја и Тоби и мама... Тоби ја прегрна Никол, а мама плачеше за Чарли. Мене никој не ме забележа. Полицијата ме однесе мене и сите останати во станица. Ми дадоа 30 дена притвор за нарушување на мирот. Првиот ден се сместив и морам да признаам дека беше доста досадно внатре. „Што ако ми препишат затворска казна?“ се прашав. Во другите келии беа моите пријатели, Џон и неговата дружина. Петтиот ден ни се придружи и чарли. Јас и Чарли бевме заедно во ќерлијата. По цели денови Чарли само лежеше бидејќи убодите многу го болеа. | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:08 pm | |
| Глава 17 – Ех, да бев дете Дојде денот кога требаше да излезам од притвор. 30 дена во притвор! Не ми се верува! Беше премногу досадно, а и никогаш го немав видено Чарли во ваква состојба. Чарли требаше да остани уште пет дена бидејќи тој дојде покасно. Кога дојдов дома мајка ми ме прегрна. Плачеше. И јас плачев. И Тоби ме прегрна. Никол ме гледаше. Се насмевна. Слезе со трчање по скалите и ме прегрна многу силно. Никогаш толку среќно не сум се чувствувал. Дојде и време за ручек. Прв пат за ручек дома беше Тоби. „Никогаш повеќе нема да ве оставам! “рече Тоби „Ќе работам од дома“ Мама се насмевна. „Мило ми е што си дома“ рече „Зик, како е Чарли?“ „Добро беше кога заминав“ реков „Но, првите денови беше лошо. “ „Кутрото дете“ почна мама „Не грижете се “ рече тато „Тие ќе добијат поголема казна бидејќи носеа оружје со себе“ Многу ми беше мило што раната на Чарли ќе биди одмаздена. Никол беше премногу кротка овој ден. Каде и да одев таа идеше по мене. „Повторно ме шпионираш?“ ја прашав „Да“ рече Никол „Зошто?“ прашав јас „Сакам да биди се како порано!“ рече Никол „Ајде да одиме на сладолед“ Се насмевнав. Кога дојдов во оваа куќа секогаш за викендите со Никол одевме на сладолед, а сега беше Сабота. „Во ред“ реков „Да одиме“ Отидовме во омилената слаткарница. Нарачавме сладолед од чоколадо и ванила и чоколаден прелив над него. Кога го дојдадовме сладоледот нарачавме и крофни со чоколаден прелив. Потоа отидовме во паркот и се забавувавме. Се беше така убаво. Се сетив на деновите кога бев мал и безгрижен. Мама и Тоби тогаш се шетаа низ паркот. Кога не видоа се зачудија, но сепак почнаа да се смеат. „Зиик!“ викна мама „Внимавај немој многу да трчаш можишдасе повредиш“ Тогаш Никол почна силно да се смее „Зик мама те бара! “ рече Никол Тоби ретко го гледав да се смее, но сега се смееше без престан. Мама која доста долго време се немаше насмеено, сега повторно се смееше. Потоа сите четворица седнавме на клупата. Се одморивме, па тргнавме кон дома. Дојде време за вечера. „И како си поминавте на училиште деца?“ праша мама „Престани да се шегуваш“ реков јас „Навистина се чувствуваше слободно нели Зик?“ праша мама „Да“ реков јас „Па по 30 дена протвор нормално дека би трчал од среќа во паркот“ рече мама „Да не ме натераше Никол да одиме на сладолед немаше да биди тоа“ реков јас Деновите додека бев во затвор сосема заборавив на Џени, додека бев во притвор не ме посети ... Сега Никол беше со мене што во тој момент не ни помислив на Џени. Вечерта бев перуморен, легнав порано бидејќи требаше да одам и да го посетам мојот брат. Сепак денештиот ден заврши што значи броејќи го и утрешниот ден Чарли во притвор ќе биди уште четири дена, но ако направат како со мене ќе сотани само 3 дена. Бидејќи последниот ден ги ослободуваат (а и мене тоа ми го направија) затворениците утрото и секако ако се мирни во своите ќелии и ако не прават некои работи (на пример тепање) а бидејќи друштвото на Џон се истепа за време на појадокот добија казна да бидат ослободени дури вечерта на полноќ. | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:09 pm | |
| Глава 18 – Џени Ова утро станавме порано. Требаше да одиме во посета на мојот брат. Станавме од креветот, мама и тато се напија утринско кафе, јас изедов едно јаболко, а сестра ми се напи витамини. Тргнавме. Кога стигнавме таму Чарли сеуште спиеше така што стражарот го разбуди. Ни рекоја да влегуваме еден по еден, така да мама влезе прва. И` дадоа 15 минути да зборува со него. Кога поминаа 15 минути мама излезе и влезе Тоби, па Никол, и на крајот на ред дојдов јас. Влегов внатре. „Како си?“ прашав „Сеуште ли те болат убодите?“ „Добро сум – кога знам дека за брзо ќе излезам“ рече Чарли „Иначе не ме болат многу убодите“ „Не се лутиш што ти дојдовме во посета?“ прашав „Секако дека не“ рече Чарли „Се виде со Џени?“ „Џени??“ се запрашав „Јас сосема заборавив на Џени!“ „Не дојде ни да те посети додека беше тука.. “ рече Чарли „Што сакаш да кажиш?“ го прашав Чарли „Ја сакаш ли Џени?“ ме праша Чарли „Секако!“ извикав јас „Не..“ ми рече Чарли „Ти ја неќиш Џени. Да ја сакаше додека беше во притвор само на неа ќе мислеше и ќе ти беше тешко зошто таа не те посетила, а кога ќе излезеше веднаш ќе дотрчаше кај неа. “ „Во право си“ реков „Но, и таа ли ме неќи?“ „За тоа разговарај со неа“ ми рече Чарли „Никогаш немам среќа во љубовта“ реков „Да ја смениме темата“ рече Чарли „Кога дојде дома како се чувствуваше?“ „Слободно!“ извикав „Никогаш не сум се чувствувал по слободно“ Јас и Чарли почнавме да зборуваме. Следниот ден требаше да одам на факултет. Можам да речам дека скоро еден месец не сум бил. Морам многу да учам, а за таа цел додека бев во келијата учев таму (и Чарли секако). Дојдовме дома. Повторно седнав и почнав да учам. Материјалот беше премногу тежок. Подзастанав и се сетив на зборовите на Чарли. „Дали Џени ме сака?“ се запрашав Тогаш во собата како по нарачка влезе Никол „Оди и прашај ја“ ми рече „Добро повторно ли ме следиш?“ ја прашав „Само се обидувам да ти помогнам“ се налути Никол „Еј“ реков „Не се лути. Велиш да ја прашам?“ „Да“ рече Никол „Да беше еден ден во притвор па да не те посетеше ќе сватев, ама беа 30 дена! Размисли“ „Значи да одам?“ прашав повторно „Да одиш“ рече Никол „Но и да учиш“ додаде и почна да се смее. Јас станав се спремив и тргнав кон куќата на Џени. Заѕвонав на надворешната врата и излезе еден крупен господин. „Добар ден“ реков „Џени дома е?“ „Каква врска имаш со мојата ќерка?“ праша господинот? „Девојка ми е“ реков „Значи ти си тоа момче на кое пред околу еден месец му беше роденден?“ праша господинот „Да господине“ реков „Влези“ рече господинот Јас влегов во доста убавата куќа на Џени. Џени седеше покрај креветот и гледаше со некој страв во очите кон мене. | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:09 pm | |
| Глава 19 – Време беше за учење Седнав на креветот. Џени седна до мене, а спроти мене седна нејзиниот татко. „Како си помина на Хаваите?“ ме праша господинот „Убаво“ реков јас За жал ја прифатив играта на Џени. „А што беше причината за тоа“ праша господинот „Татко“ рече Џени „Јас ти кажав се. Остави го да се одмори, вечера се врати“ „Во право си“ рече господинот „Јас ќе одам и ќе ве оставам малце сами“ Господинот замина „Го лажеш татко ти?“ прашав „Да“ рече Џени „Ако му ја кажам вистината ќе ми забрани да се гледам со тебе“ „Затоа не дојде да ме посетиш?“ реков јас „Да“ рече Џени „Тој цело време беше со мене и секаде тој ме вози така да ако му речам кон затворските келии ќе ми рече дека си невоспитан и да престанам да се гледам со тебе.“ „А како знаеш дека тоа ќе ти го рече?“ ја прашав „Порано имав еден дечко“ рече Џени „Ама имаше криминално досие и татко ми ми забрани да се гледам со него“ „Сосема нормално“ реков „Кој би сакал неговата ќерка да се гледа со криминалец?“ „Но, ти не си“ рече Џени „Ти ме одбрани од Џон!“ „Можеби можиме тоа да му го кажиме на татко ти“ реков „Се плашам како ќе изреагира“ рече Џени „Се плашам да не те изгубам!“ Срцето почна силно да ми чука. Џени сепак ме сака, не ме посетила 30 дена само за да не ме изгуби. „Во ред“ реков „Сега морам да одам“ „Веќе?“ рече Џени „Треба да учам“ реков „Во право си“ рече Џени „Оди и учи“ Тргнав кон дома. На моменти се прашував дали Џени навистина ме сака. „30 дена!“ си велев за себе „Тоа се многу!“ Кога стигнав дома, веднаш отидов во мојата соба, а на мојот стол седеше Никол. „И?“ рече „Рече дека татко и` ќе ни забранел да се гледаме ако дознаел дека сум во притвор“ реков „Му рекла дека сум на Хаваите“ „Паметна девојка“ рече Никол „Но, требаше да те спреми – да ти кажи што да велиш пред татко и`“ „Требаше, но сепак се изваде со тоа дека сум уморен од патот и дека сум дошол веднаш да ја видам!“ реков јас „Ајде сега“ рече Никол „Треба да учиш“ „Од ден на ден се повеќе наликуваш на лоша наставничка!“ реков јас „Навистина?“ се налути Никол „Навистина“ реков јас „Само да се учело!“ „Епа прва година ти е на факултет и срамота е да падниш!“ рече Никол и замина од собата. За жал таа беше во право. Мораше да учам. Го отворив доста дебелиот учебник и почнав да учам. Премногу се занесив во учењето. Заборавив на се`! Колку е убаво кога ќе најдиш спас во нешто! Дојде време за вечера. Мама дојде и ме прегрна „Зик“ рече мама „Доволно време учиш, ајде да јадиме“ Тогаш станав, ја прегрнав мајка ми и заедно слеговме долу. | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:09 pm | |
| Глава 20 – Чарли се врати Некој да ми речи дека доволно време учам?! Навистина беше чудно. Јадевме. Деновите брзо врвеа. Дојде и тој ден – Чарли излезе од притвор рано утрото. Сите бевме спремни и бевме стигнале на договореното место. Кога Чарли излезе сите се втрчавме кон него и го прегрнавме. Мама почна да плачи. Татко се смееше, а Никол го гушкаше Чарли – како и јас. „Кутриот“ помислив „Го оставивме без воздух.“ Кога стигнавме дома премногу се забавувавме со Чарли. Потоа се качиме во неговата соба. „И што направи?“ ме праша Чарли Јас не знаев за што зборуваше. „За што што направив батко?“ прашав „Па со Џени!“ рече Чарли „Несакала да дојди заради татко и“ реков „Му рекла дека сум на Хаваите“ Чарли се зачуди. „Зар не можеше да дојди додека татко и беше на работа?“ праша Чарли „Или од кога си идеше од факултет?“ „Мора да ја сватиш“ реков „И згора на тоа денот кога си дојде ти таа не дојде да те види.“ рече Чарли „Тогаш небеше во ќелија“ Неговите зборови многу ме замислија. „Ама сепак“ рече Чарли „Ти и` веруваш и си среќен со неа – така продолжи“ „Навистина зошто Чарли упорно ме тера да раскинам со Џени?! Луд ли е?“ се запрашав „Ама Чарли!“ реков јас „Сега излези“ рече Чарли „Сакам да поспијам малце на мек кревет“ Следниот ден беше доста напорен за мене ... Џени и нејзиниот татко доаѓаја на вечера кај нас. Мама цел ден спремаше што ќе има на масата. Мислеше на сите детали. Јас сепак не бев доволно расположен да средувам со мама. За моја замена, за помошничка ја замолив Ниол да оди, а таа не ме одби бидејќи секогаш сака да и` помага на мама. Јас излегов малце во градината и седнав на клупата. Тогаш дојде Чарли до мене и ми даде една голема ножица. „Зар ќе останиш без работа?“ ми рече „Чекај“ реков јас „Зошто ми е ножица?“ „Па ... “ рече Чарли „Ќе ја потстрижиме тревата“ „Имаме косалка“ реков јас „Расипана е“ рече Чарли „А вака е доста интересно!“ Јас чудно го погледнав, ја зедов ножицата и седнав и почнав да ја потстрижувам тревата. И Чарли го направи истото. Часовите брзо врвеа, а јас и Чарли имавме уште многу за работа. Кога довршивме еден по еден се истуширавме бидејќи мирисавме на косена трева. Дојде и времето кога татко то на Џени и Џени требаше да дојдат кај нас. Мама беше премногу возбудена, Тоби ладнокрво читаше весник, Чарли седеше до мене, а Никол се спремаше. Кога слезе по скалите беше како од бајките. Носеше преубаво бело фустанче и могу добро ја среди нејзината руса коса. Имаше ставено нежна шминка ... Јас гледав во неа со речи си подотворена уста, но Чарли ме подудри. „Што е?“ реков „Претеруваш“ рече Чарли Се слушна звук на кола. Мама се повеќе и повеќе беше возбудена. Некој заѕвона на вратата. Мама потрча до вратата и ја отвори. На вратата беа господинот, Џени и некое момче. ... | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:10 pm | |
| Глава 21 – Во посета Кое беше тоа момче? Постојано се прашував ... Сакав да знаам – бев нестрплив ... Џени никогаш ми немаше споменато дека има брат ниту пак некој многу добар пријател. Ама таа не ми ни кажа дека тоа момче ќе дојди на вечерата. Сите почнаа да се поздравуваат меѓу себе. Кога требаше да се поздравам со Џени ние се прегрнавме. Погледнав кон Никол, а таа многу со нежен поглед го гледаше момчето, а и тој неа. Беа доста слични. И двата имаа руса коса и сини очи. Дали Никол се вљуби во тоа момче? Веќе не знаев што правам. Бев загрижен. Сепак сеуште ја сакав Никол. Можеше да се речи дека поигрувам со чувствата на Џени, за жал ... Седнавме на масата. „Да ве запознаам со мојот брат“ рече Џени „Лука“ Сите се поздравивме со него. Лука гледаше како доста добро момче. Но, зошто порано Џени не ми кажа за нејзиниот брат? Зошто од мене криеше за него? Вечерата течеше прекрасно. Лука не ги тргаше очите од Никол, а ни таа не ги тргаше очите од Лука. Господинот Филип и татко ми многу добро се сложуваа. Џени се расприкажа со мајка ми, а Никол со Лука. „Останавме сами мали“ ми рече Чарли и се насмевна Навистина чарли многу добро знаеше да се шегува. „Останавме бате“ реков јас „Никол и Лука многу добро се сложуваат“ додаде Чарли. „Навистина“ реков јас „Многу добро им тргна разговорот“ Секогаш кога ќе беше некоја важна вечер за мене ( и пред мама да се омажи за Тоби ) јас останував да зборувам со Чарли. „Битното е дека татко се спријатели со господинот Филип“ рече Чарли „Ако не се допаднеа немаше да можиш да бидиш со Џени“ Чарли беше во право. Можеби е доста добро што тој и господинот Филип се спријателија, но лошото можи да е ако татко ми му кажи на господинот дека не бев на Хаваите туку во притвор. Кога го помислив тоа помислив колку Џени би била повредена. „Не“ реков за себе „Не смее тоа да се случи“ Мама го донесе десертот – мојата омилена чоколадна торта. Сите почнавме да јадиме, но јас јадев како безволја. Никол тоа го забележа и како што седеше од до Чарли почнаа да зборуват, а тогаш Чарли ми рече: „Никол вели дека нешто не е во ред. Оди малце надвор ако не ти е добро“ „Во ред сум“ реков и продолжив да јадам. Кога го дојадовме десертот господинот Филип и татко ми продолжија да зборуваат. Се задлабочија во светот на работата (за жал и свата тоа многу ги интересираше). За моја ( и на Џени) огромна жал дојде и моментот кога требаше да зарговараат во врска со нас. „Мило ми е што нашите деца се во врска“ рече господинот Филип. „И мене ми е мило“ додаде татко ми „Навистина ќерка ми ми рече дека сака да излегува барем до 12 часот“ рече Филип „Јас тоа не и го дозволувам“ „Зошто не?“ рече татко ми Очигледно нивниот разговор почна малце да се урива. „Па сеуште е мала“ рече господинот Филип „Се шегувате нели?“ праша татко ми „Идната година девојката ќе наполни 18 години и треба да се остамостои, а не да биди под ваш надзор“ „Секако“ рече Филип „Но, вие веќе го осамостоивме вашиот син“ „Нормално“ рече татко ми „Тој е доволно голем и јас верувам во него“ Кога татко ми го рече тоа бев многу радосен. Тој верува во мене?! Тоа звучеше прекрасно! „Секоја често господине“ рече Филип „Дури и на Хаваите сте го пуштиле сам, јас мојата Џени сосема сама не би ја пуштил“ Јас се здрвив .... Што ќе речи татко ми на ова?! | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:11 pm | |
| Глава 22 – Јас верувам во тебе Татко ми се насмевна и ме погледна. Јас се уплашив, но сеуште изгледав смирено и самоуверено. „Мојот син е доволно голем и е способен да се грижи за себе“ рече татко ми „Тој оди каде сака и прави што сака. Време е и вашата ќерка да ја остамостоите господине.“ На ова господинот Филип остана без зборови, а и јас. Бев пресреќен. „Но мала е ...“ одвај изусти господинот Филип „Тоа .. за жал е ваше мислење“ рече татко ми „Следната година станува полнолетна, голема е, станува жена, а секоја жена треба да се грижи за себе“ „Но, сосема сама не би ја пуштил“ рече Филип „Се плашам“ „Па тогаш нека одат со син ми некаде.“ предложи татко ми „Зик за време на зимата оди на скијање во Канада. Нека оди и Џени со него. Блиску е .“ Филип се замисли. Ја погледна Џени. „Како вчера да го држев во рацете нејзиното мало раченце“ рече господинот Филип „Сепак во право сте господине. Доволно се големи, нека одат Канада.“ Јас се насмевнам, Џени премногу се израдува. Лука се насмевна и погледна кон својата сестра со голема радост во очите. „Навистина тато?“ праша Џени изненадено „Да ќерко“ рече господинот Филип „Кога господинот Тоби верува во ова момче, ќе верувам и јас“ Јас бев премногу збунет. Не знаев што да речам, како да изреаѓирам. Никол, секогаш мора да се шегува со мене и ми рече: „Што е веќе се збуни кога толку луѓе рекоја дека веруваат во тебе?“ Секако Никол тоа го рече на шега, но сепак тоа беше вистината. Никогаш некој не верувал во мене (посебно не девојките кои сум ги имал), но сепак јас никогаш не помислив дека Тоби можи да речи дека верува во мене. Тоби никогаш нема лажено во животот па сега знам дека не би излажал за мене. „Да“ и одговорив на Никол „Збунет сум, никогаш некој ми нема речено дека ми верува ...“ Никол се поднасмевна, Чарли ме потчукна по грбот. „Епа... “ рече Чарли Јас се уплашив „Што ќе речи?“ се прашав „Среќен пат бате“ рече Чарли Јас се насмевнав и го прегрнав. Сепак кога ќе го погледнаев Филип не изгледаше толку среќно за мене и за неговата ќерка, изгледаше како да не сака јас да одам со неа, како да мисли дека сум некој лош криминалец.... Навистина не сакам кога луѓето имаат такво мислење, а уште помалце кога тоа сакаат да го прикријат од мене (ама за жал нема да им успее). Вечерата заврши. Ги испративме гостите. Јас седнав на фотелјата и почнав да размислувам. Секогаш кога размислувам за нешто сериозно тука се Чарли и Никол да го расипат тоа. Никол почна да ме чепка. Јас се свртив и таа со доста смешна фаца ми кажа кон Чарли. Кога се свртив кон него тој ми рече „Јас верувам во тебе Зик!“ Двата почнаа да се смејат. Не можев да издржам и јас почнав да се смејам. „Извини, но мислам дека прерано ми го честита одењето Канада бате“ реков јас „Е ако де“ рече Чарли „Ќе нема потреба кога ќе одиш да ти честитам пак“ Навистина Чарли знаеше добро да се шегува со мене. | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:11 pm | |
| Глава 23 – Телефон е, не знаеш кој е од другата страна Чарли и Никол премногу се шегуваа со мене. Јас станував сериозна личност со што ја сваќав Никол, сеуште беше мала и сакаше да се шегува, но не го сваќав Чарли кој беше поголем од мене... Следниот ден не сакав да станам рано, ми се спиеше, но секогаш некој мора да ми го прекрши спиењето, а тоа најчесто е мајка ми. „Ајди Зик,“ рече мама „Разбуди се“ „Уште малку мамо“ реков јас „Уште колку ли сине?“ рече мама „Веќе е 7 и 30 минути, сите те чекаме на појадок“ „Неможам секој ден да станувам толку рано“ реков јас и ја ставив перницата преку глава. Очигледно мама многу добро знаеше како да ме разбуди па едно време од долу слушнав „ЗИИИК!“ викна Никол „Џени те бара на телефон!“ Јас на Никол не и верував ни збор, мислев дека и ова е некоја незина шега. Слегов долу и ја зедов слушалката. „Слушај Чарли уште еднаш немој да ми правиш вакви шеги!“ реков јас налутено Личноста од другата страна не изговори ништо. Никол ме гледаше зачудено. Внимателно и уплашено се свртив зад себе и го видов Чарли како слегува по скалите. „Ме бараше ли?“ ме праша „Не... “ реков јас „Извини ...“ Ја зедов цврсто слушалката „Извинете“одвај изустив „Во ред е Зик“ рече со нежен глас Џени од другиот крај на слушалката „Навистина Џени, не сакав“ реков јас повторно „Мислев ...“ Џени не ме остави да изустам „Мислеше дека Чарли се шегува со тебе“ рече таа „Го слушнав тој дел“ „Значи не ми се лутиш?“ реков јас повторно „Секако дека не.“ рече таа „Ти мене дали ми се лутиш?“ „Секако дека не“ реков јас „Нема зошто“ „Па ти се јавив во 7.30 “ рече Џени „Тоа не е проблем ние рано стануваме“ реков јас Јас и Џени не бевме во можност да разговараме многу долго бидејќи јас требаше да одам на појадок. Кога доразговарав со Џени кога се свртив го видов Чарли зад мене. Беше потпрен на ѕидот. „Навитина мислеше дека сум јас?“ праша „Да “ реков јас со тажен глас „Јас да бев на твое место не би ни се јавил“ рече Чарли Тогаш јас го погледнав оштро. „Што се лутиш одма“рече Чарли „Телефон е не знаеш кој е од другата страна на линијата!“ Чарли сепак беше во право. Ова беше грешка. Ако не го изустев името Чарли тогаш Џени би помислила дека неа и викам за тоа што мора да лажам дека бев на Хаваи, а не в притвор. За среќа тоа помина. Седнавме сите да појадуваме. Тоби беше многу добро расположен. „Многу ми се допадна господинот Филип“ рече Тоби „Мило ми е“ реков јас „И Џени е прекрасна девојка“ рече Тоби „Честито Малвина“ „Благодарам, но зошто?“ се запраша мама „Зошто имаш два прекрасни синови кои знаат што е добро!“ рече Тоби Јас се чувствував задоволно, а се надевам и Чарли. Никол беше пресреќна, како неа да ја фалат, а не нас. | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:11 pm | |
| Глава 24 – Ова е опасно Јас бев многу зачуден. Тоби ме нарече прекрасен. Јас тоа не можев да го издржам. Како што седев се стрчав и го гушнав мојот татко! Тој го прифати тоа и тој исто така ме прегрна. Бев стварно многу среќен, Чарли се насмевна, и тој ни се придружи во нашата прекрасна прегратка. Никол беше пресреќна, како што претходно кажав, таа гледаше како нас да не фалат, а не неа. Но тоа беше само надворешно, а што се случуваше внатрешно, само таа знаеше. Следниот ден беше денот кој несакав никогаш да се случи. Станав утрото бев како нов, бев пресреќен, а тоа дека ги поправив одностите со мојот татко ме правеа уште посреќен. Почнав да слегувам по скалите кога таму најдов едно парче хартија. Ракописот беше многу необичен, беше чуден ... Го зедов и го ставив во џебот. Слегов долу на појадок. „Добро Утро“ реков „Добро утро“ врати Никол која ја местеше масата. „Како си?“ ме праша „Многу добро“ вратив „Ха!“ рече Никол „ Зошто Многу добро, кога можиш да бидеш одлично?“ Јас тоа го сваќав на шега додека знаев дека таа го мисли тоа сериозно. „Па во право си“ реков „Одлично се чувствувам!“ Никол се насмевна, но нејзината насмевка не беше како секогаш ... Нејзината насмевка беше лажна. Седнавме сите и појадувавме. После појадокот јас се качив во мојата соба и легнав на креветот. Тогаш ми текна на ливчето кое го најдов на скалите. Го извадов од џебот и почнав да го читам. Навистина ми беше тешко да го разберам тој ракопис, но додека читав ладна пот ме облеа по лицето. На ливчето имаше даено адреса. Таа адреса еднаш еден другар ми ја кажа ... Кое девојче кога ќе стапни таму веќе не е девојче туку станува жена! Помислив на Никол и на нејзината несекојдневна насмевка, потоа на Чарли, можеби тој оди таму да се забавува со некоја. „Што ќе правам сега?“ се запрашав „Никол или Чарли?“ Бев преплашен. Едниот ми беше брат, а другата ми беше сестра. Тоа место беше опасно, но јас морав ... Отидов до кај мојот пријател. Џан беше дома. „Добредојде“ ми рече Џан „Влези“ „Благодарам“ реков јас „Долго време ме немаш посетено, ме заборави“ „Немој така! Те молам“ реков „Што е тоа ливче кое ти е во рацете?“ ме праша „Токму тоа ме плаши“ реков „Го најдов на скалите...“ Џан го зеде и го прочита. „Ова е опасно!“ рече Потоа ние решивме заедно да одиме и да провериме за што се работи. | |
| | | emma-chan Администратор
Број на мислења : 288 Reputation : 0 Join date : 2011-01-16 Age : 28 Местолокација : Битола, Македонија
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) Нед Јан 16, 2011 1:11 pm | |
| Глава 25 – ИЗНЕНАДУВАЊЕ! Почнавме да одиме. Јас бев многу вознемирен, но и Џан беше вознемирен исто така. Како што повеќе одевме се повеќе мојата возбуда се зголемуваше. Времето надвор беше доста ладно, но за мене беше притушливо и доста жешко. Бев уплашен, се плашев дека ќе видам некој кој го познавам таму. „Кој ли ќе е?“ се прашував многу често. Џан забележа дека сум вознемирен. Ништо не велеше, седеше и знаеше дека јас кога сум тажен сакам да се затворам во себе и со никој да не зборувам. Но сепак, Џан беше многу паметен. „Се плашиш ли?“ ме праша Џан „Многу се плашам!“ реков јас „Што ако го видам Чарли да се забавува со некоја девојка? Или пак ако Никол иди таму и се забавува со некои други мажи?“ „И двете можат да бидат“ рече Џан Секако Џан секогаш беше многу искрен кон мене, ме подготвуваше на тоа што ќе го видам. Како што врвеше времето, така и ние се приближувавме до месото. Конечно стигнавме. Беше тоа една огромна куќа на три ката. Беше широка и обоена во розово. Имаше доста голема и црвена врата над која пишуваше „Ако ви треба забава - влезете“. Кога конечно стигнавме и кога конечно видов каде сме стигнати - пред местото за вистинска забава, почна да ме обвива ладна пот ... Почнавме да одиме кон врата и пред да ја отворам вратата Џан ми рече: „Биди подготвен на се“ рече со загрижен глас „Ние не бараме забава како што вели натписот, ние бараме вистина“ Зборовите на Џан ме охрабрија, но истовремено ме уплашија. Лесно климнав со главата и ја отворив вратата. Внатре беше се многу чудно, навистина личеше на место на забава. Долу беше место за коцкање. Јас се здрвив и не можев да се помрднам од местото. „Многу се сменило местото“ рече Џан „Ајде Зик, да одиме“ Полека почнав да се грижам и да разгелдувам. Еден човек ни се приближи и не праша: „Како можам да ви помогнам?“ „Сакаме да видиме што девојки имате“ рече Џан Јас се уплашив „Што ли планира мојот пријател?“ „Наваму ве молам.“ рече добро облечениот господин Се качивме на следниот спрат и таму видов нешто што не сакав да го видам. Ја видов Џени ... Џени, ја видов мојата Џени! Срцето почна да ме боли, почнав да плачам. Џени поцрвена. „ТЕ МРАЗАМ!“ викнав „што не сторив за тебе, а ти мене вака ми враќаш?“ „Не е како што мислиш“ нејзиниот глас трепереше. Тогаш веќе не сакав да живеам. Плачев како мало дете .... Ех, што не преживеав. Тогаш кога се свртив зад мене ја видов и Никол. Таа беше многу уплашена. Кога ја видов и неа, не сакав да им верувам на моите очи. Не беше како што изгледаше дома. Беше многу поинаква. Имаше многу шминка на неа, личеше на чудовиште ... Веќе немав сили, но најдов зборови да речам: „разочаран сум од тебе!“ Тогаш Никол не рече ништо. „Згрешив бато, знам .. “ рече Но веќе беше предоцна и јас тргнав кон дома .... | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Љубовта е тешка (Дел 1) | |
| |
| | | | Љубовта е тешка (Дел 1) | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|