Las Gatas de Rochi♥
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Las Gatas de Rochi♥

Las Gatas de rochi ♥
 
HomePortalLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Љубовта е тешка (Дел 2)

Go down 
АвторПорака
emma-chan
Администратор
Администратор
emma-chan


Број на мислења : 288
Reputation : 0
Join date : 2011-01-16
Age : 28
Местолокација : Битола, Македонија

Љубовта е тешка (Дел 2) Empty
ПишувањеПредмет: Љубовта е тешка (Дел 2)   Љубовта е тешка (Дел 2) Icon_minitimeПон Фед 14, 2011 11:38 pm

Глава 1 – Животот таму ...
Зик седи со својата ќеркичка и и` ги раскажува моментите од неговиот живот.
„И јас имав мајка ..“ рече Зик „Се викаше Малвина и беше многу храбра жена!“
Маи не беше заинтересирана за приказните на татко и`.
„Зошто ме посвоивте?“ праша таа, без да се интересира за својата баба.
„Бидејќи јас и мајка ти не можевме да имаме деца ... “ не го остави да докажи
„А ако можевте тогаш немаше, нели?“ праша Маи
„Па, да ... “
„Убава ли беше баба ми?“ праша Маи со обично груб глас.
„Да, многу убава“ рече Зик
„Зошто умре?“ праша Маи „се разболе ли?“
„Не“ одговори Зик и навлезе во својот свет ...
Се сети кога последен пат ја виде мајка си. Се сети кога последен пат ја прегрна, се сетина нејзината насмевка ...
„Ја убија“ рече Зик со трепет во гласот ...
„Кој?“
„Не е битно тоа сега“ рече Зик
Зик стана и отиде во кујната. Таму беше Џени и таа го прегрна.
„Ми недостигаше“ рече таа
„И ти мене ...“ рече Зик
„Зборуваше ли со Маи?“
„Да, на почетокот не беш заинтересирана ... “
„Таква е таа ..“ рече Џени „Штета што не можам да имам деца, никогаш не би посвоила такво безчувствително дете!“
Зик се изнервира и ја залепи Џени на ѕид.
„Не се обидувај уште еднаш да ја навредиш мојата ќерка!“ почна да вика „16 години ја одгледувам и ја сакам и ако нешто и се случи ќе се убијам и уште еднаш тоа што го рече не се обидувај да го речиш!“
„Во ред, во ред“ рече Џени „Добро се вели дека парите не го прават човекот среќен. Мене ми треба среќа Зик!“
„Маи е мојата среќа, обиди се да биди и твоја!“
Да Маи беше премногу приврзана со Зик, исто така многу ја сакаше Џени, но Џени не ја сакаше неа толку многу. За жал разговорот на Зик и Џени го слушна Маи и влезе во кујната.
„Добар ден“ рече
Џени и Зик не беа најдобро
„Немојте да се карате заради мене“ рече Маи „Јас уште две години ќе имам 18 и нема да бидам ваш товар ... Нема да се карате!“
„Немој така ќерко“ рече Зик
„Да не лажам тато?“ рече Маи „Јас сум посвоена и оваа не ме сака! Зошто тогаш воопшто ме посвоивте?“
„Те посвоивме за да го развеселам татко ти!“ рече Џени
Зик со груб поглед ја погледна Џени. Џени се налути и замина од собата. Маи седеше пред врата и полека се тргна.
„Дојди ќерко“ рече Зик
Маи отиде до него
„Ќерко остави ја Џени, таква е таа. Треба да знаеш дека јас те сакам и не дозволувај зборовите на мајка ти да те повредат“
„Таа не ми е мајка!“ рече Маи „Јас неа не ја чувствувам за мајка! Јас те сакам само тебе татичко!“
Го прегрнува.
„Ќерко мила .. “ рече Зик „Знам како се чувствуваш ќерко моја, но да знаеш дека јас секогаш ќе бидам до тебе и никогаш нема да те напуштам и ти од тука само со бел фустан ќе излезеш, немада те пуштам никаде да заминиш!“
„А да се вратам во ковчег ли?“
„Будалче! Се зборува ли така?“
„Јас само прашав“
Зик и Маи почнаа слатко да се смејат.
„Вечер иди тета Никол“ рече Маи „Многу ја сакам, ќе дојди со тетин Лука!“
„Супер, а ти од каде знаеш?“
„Па пред да зборувам со тебе и` се јавив. Не можам да не зборувам со неа!“
„Мило ми е што е така“
**
Веднаш до куќата на Зик и неговото семејство живееше Чарли, Стела и Дона. Веќе од утрото се слушаше гласната музика која ја пушташе Дона. Чарли полека влезе во собата, но кога ја го виде новиот стил на ќерка си Дона, чиниш срцето го фатил.
„Што направи ма?“ праша Чарли
„Со што, Што направив?“ се зачуди Дона
„Со твојата убава коса!“
„Вака е поубава“
Во собата влегува Стела
„Офлеле ... Науми и направи“ рече Стела и почна да се смее
„Подоцна ќе мора да си ја истрижиш косата бидејќи овие суканици не се вадат со некаов шампон“ рече Чарли и тој почна да се смее
„Ееем секогаш сум сакала кратка коса“ самоуверено рече Дона
„Како што сакаш мила“ рече Стела „Но можиш да изгледаш како изкубано пајче“
„МАМО!“ извика Дона, а Чарли и Стела почнаа слатко да се смејат и излегоја од собата смеејќи се.
**
Во куќата на семејството Марволо Ридли седеја двете убави сестри Ванеса и Селена. Селена цртаже нов цртеж, а Ванеса како и секогаш имаше некоја книга при рака и секогаш и во секој момент читаше нешто и само читаше. Ванеса беше професор по биологија во средното училиште и често одеше на факултетот за природни науки каде што директор беше нејзиниот свршеник Зек. Зек е љубител на кучиња додека Ванеса обожава змии. Некој затропа на вратата.
„Јас ќе отворам!“ рече Селена и се упати кон вратата.
Тоа беше Зек и ја прегрна Селена
„Како е мојата мала принцеза?“ праша тој
„Супер сум!“ одврати Селена
„Тука е сестра ти?“
„Да, во дневната е – чита!“
„Што друго би правела?“
Двата почнаа да се смејат. Зек влезе во дневната соба и ја бакна на образот Ванеса, а Селена си продолжи со својот цртеж.
„Како си?“ праша Зек
„Супер, ти?“ одврати Ванеса
„Кога те гледам тебе сум неопишливо добро!“ рече Зек
„Јас добро би го оценила со 3“ беше итра Ванеса
„Епа тогаш сум одлично!“ се смееше Зек
Селена скришум ги подгледнуваше и се смешкаше.
„Кога јас ќе си фатам дечко?“ се праша Селена себеси „Кога и јас како сестра ми ќе имам свршеник? Секако кој ќе го земам за домазет и на кој нема да си го уништам моето презиме!“
Секако двете сестри не би го уништиле нивното славно презиме! Таткото на двете Марлово Ридли сестрите беше премногу успешен бизнисмен и секако сеуште е, и девојките црпат премногу пари од него. Мајка им е хирург и таа многу заработува. Нивното презиме многу луѓе го имаат оцрнето, но никој не успеа да го направи премногу црно бидејќи Марволо Ридли секогаш успева да се исчисти.
„Гледа мојата принцеза наваму“ забележа Зек
„Не не гледам!“ рече Селена
„Дури и слуша“ се насмевна Ванеса
„Ејј!“ се налути Селена
Ванеса стана и ја прегрна својата ќерка
„Лутачке, што е сега?“
„Не сакам да идам утре на училиште .. Ќе ми ги оправдаш ли изостатоците?“
„Не Селена! Како така?“ се налути Ванеса „Не користи што класниот раководител ти е сестра!“
„Во право си“ заклучи Селена „Извини ... “
„Мила моја сестро“ ја бакна Ванеса, Селена.
Зек дојде до нив и ги прегрна двете
„Ме заборавивте ма?“ се насмевна тој
Подоцна Ванеса ја постави масата и сите појадуваа заедно бидејќи беше Недела, а веќе почнуваше учебната година и нема да се гледаат толку често.
**
Никол утрото се разбуди во креветот на Лука. Беше во неговиот стан. Стана и си го изми лицето. Тогаш Лука влезе низ вратата.
„Добро утро спанке“
Лука почна да ја бакнува Никол, но таа не беше многу расположена ...
„Остави ме .. “ рече
„Зошто?“
„Ми се спие, ме остави сама и кога се разбудив не знаев каде си“
„Сега се лутиш и изиграваш жртва?“
„Да ...“
Лука се насмевна ја крена и ја легна на креветот.
Вратете се на почетокот Go down
 
Љубовта е тешка (Дел 2)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Љубовта е тешка (Дел 1)
» Љубовта е тешка (Дел 1)
» Љубовта е тешка (Дел 2)

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Las Gatas de Rochi♥ :: Новели :: Новели-
Отиди до: